Почетна » Новости » Занимливости » Секоја чест: Учителка од Неготино им однесе уникатни подароци на своите ученици до дома

Секоја чест: Учителка од Неготино им однесе уникатни подароци на своите ученици до дома

Цанка Костова заслужува само пофалби. Посветената наставничка од училиштето „Страшо Пинџур“ од Неготино подготви уникатни подароци за секој од своите ученици и им ги достави до нивните домови.

Костова објави фотографии и видеа од изненадувањето. Таа успеа да израдува и насмее 21 детенце.

ВИДЕО

„Затоа што сте мои, затоа што сте единствени, затоа ќе сум тука секогаш за вас. Продолжете да чекорите храбро. Моја гордост“ – пишува на честитките кои Цанка ги изработи за секое дете посебно.

Таа на сите им подари по едно срце на кое пишува „Те сакам“.

„Точно на 100-от ден од кога не сме на училиште, моите ученици имаа едно поразлично утро“ – вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.