За семејството на Мишел Скривнер секој ден од месецов е Халовин. Талентираната мејкап артистка со помош на шминка и перики ги маскира своите две ќерки, кои го обожаваат целиот процес на трансформирање.
Посветената мајка ги претвори 11-годишната Лили и 6-годишната Ели во музички ѕвезди како Дејвид Боуви и Лејди Гага, како и во филмските ликови Миа од „Pulp Fiction“, Спок од „Star Trek“, Урсула од „The Little Mermaid“ и Едвард од „Edward Scissorhands“.



Сопругот на Мишел има астма и семејството многу внимава да не дојде во контакт со личност заболена од КОВИД-19. Поради тоа, девојчињата оваа година ќе ја избегнат традицијата на собирање на колачиња и бонбони по домовите на соседите.
Мишел дошла до оваа идеја за маскирање, бидејќи сакала да им го направи овој период исто толку забавен за ќеркичките, колку и останатите години.





















