Почетна » Новости » Занимливости » „Се омажив со маж кој знае како да сака мајка“: Писмо на блогерка до посветениот сопруг

„Се омажив со маж кој знае како да сака мајка“: Писмо на блогерка до посветениот сопруг

Секој заслужува да слушне благодарам и да добие пофални зборови за сè што прави.

Блогерката Жаклин Ворен му упати писмо на својот сопруг, заблагодарувајќи му се за поткрепата што ѝ ја дава, како и за тоа што е прекрасен татко на нивните деца.

Семејство

Прочитајте го текстот во целост:

Се омажив со маж кој знае како да сака мајка.

Уште од почетокот можев да видам дека е добар син, но на денот кога мојот сопруг стана татко, ми го докажа тоа.

Тој знае како да сака мајка.

Се молеше за мене и нашите бебиња уште пред да го знаеме името на нашето прво дете.

Тој знае како да сака мајка.

Ме водеше низ моите најтешки денови. Ме разведруваше кога имав породилни болки.

Тој знае како да сака мајка.

Знае кога треба да преземе акција, за да дисциплинира и помогне. Знае кога ми треба одмор.

Тој знае како да сака мајка.

Ги почитува моите чувства и ме цени.

Тој знае како да сака мајка.

Знам дека не е совршен, се уморува и се лути. Но, се извинува и се грижи за мене.

И знам дека нашите деца гледаат и се благодарни за тоа.

Бидејќи тоа е важно за нив, да гледааат колку нивниот Тато ја сака мајка им.

За сите споделени домашни обврски.

За сите љубовни состаноци кои ги имаме.

За сите детски насмевки и вклучување во детските игри.

За тоа што си мој најдобар пријател и ме поддржуваш секој ден.

Мојот живот е многу подобар и поисполнет.

Повеќе отколку што некогаш сонував дека ќе биде.

Бидејќи сум благословена што можам да кажам:

Се омажив за маж кој знае како да сака мајка.

Секој ден е добар ден да кажам ти благодарам.

Ти благодарам што си татко кој нè сака премногу.

Жаклин и нејзиниот сопруг имаат четири деца.

Семејство Семејство Семејство Семејство

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.