Почетна » Новости » Занимливости » Свадба на врвот на светот: Авантуристи се венчаа на Монт Еверест, фотографиите импресионираат

Свадба на врвот на светот: Авантуристи се венчаа на Монт Еверест, фотографиите импресионираат

Пар планинареше цели три недели за да го каже судбоносното „ДА“ на врвот на светот. Џејмс Сисом и Ешли Шмидер се венчаа на Монт Еверест, а свадбените фотографии ќе ве остават без здив.

Пар се венча на Монт Еверест Пар се венча на Монт Еверест Пар се венча на Монт Еверест Пар се венча на Монт Еверест Пар се венча на Монт Еверест

Бидејќи не се обожаватели на традиционалните свадбени прослави, 32-годишната авантуристка и нејзиниот 35-годишен партнер изодија илјадници километри за да стигнат до базниот камп Еверест, каде се заколнаа на вечна љубов.

Кампот се наоѓа на висина од 5.300 метри, но тоа не беше пречка невестата да блесне во прекрасна венчаница.

„По долго размислување, одлучивме дека традиционалната свадба не е за нас. Колку и да сакавме да го споделиме нашиот специјален ден со семејството и пријателите, и двајцата бевме обземени од идејата за стапување во брак за време на неверојатно патување.“

Пар се венча на Монт Еверест Пар се венча на Монт Еверест Пар се венча на Монт Еверест Пар се венча на Монт Еверест

„И двајцата сме ненаситни обожаватели на отворените простори и сме биле на височина од над 4.000 метри, но знаевме дека тринеделно пешачење до базниот камп на Еверест ќе биде многу поголем физички и ментален предизвик од сè што сме искусиле досега“ – изјавила Ешли.

За време на патувањето, фотографот Чарлтон Черчил, кој е заслужен за фотосесијата, сподели фотографија на која се гледаат облаци во форма на срца и напиша: „Овие две срца на небото се појавија на пат кон базниот камп Еверест, истиот ден кога нашиот пар стапи во брак. Вистинска приказна, без фотошоп на облаците.“

Пар се венча на Монт Еверест Пар се венча на Монт Еверест Пар се венча на Монт Еверест Пар се венча на Монт Еверест Пар се венча на Монт Еверест Пар се венча на Монт Еверест Пар се венча на Монт Еверест

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11314 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.