Најголемиот македонски бренд за долна облека, чорапи, хулахопки, пижами и костими за капење, Сара Фешн започна со роденденската акција „Ние славиме, вие добивате!“.
За време на акцијата нивните производи може да се купат по намалени роденденски цени до 70%.

„Среќни сме што 18 години сме на пазарот и по тој повод во сите наши продавници 18 дена или поточно до 16ти септември ќе трае промотивна акција со намалувања до 70%. Нашата приказна ќе ја раскажеме со големо модно шоу #MySweet18 на кое ќе учествуваат модели, диџеи и музички артисти од Балканот. Им благодариме на нашите потрошувачи за довербата и за тоа што го препознаваат квалитетот на нашите производи“ – велат од Сара Фешн.

Освен сопствената линија на компанијата, за време на попустите може да се купат хулахопки од најголемиот производител во Европа, Пенти како и парчиња долна облека на брендот ΝΒΒ. Може да се најдат и костимите за капење од 290 денари, а количините на сите парчиња се ограничени.
Сара Фешн освен во Македонија, свои продавници има и во Србија, во блиска иднина својот бренд ќе го шират и во други земји низ Европа.
Комерцијален текст