Почетна » Новости » Занимливости » Реклама ја прикажува болката и силата на мајките кои се грижат за болни деца

Реклама ја прикажува болката и силата на мајките кои се грижат за болни деца

За мајките нема потешка глетка од онаа кога детето е болно. Сепак, кога тоа ќе се случи, тие секогаш успеваат да останат присебни, смирени и силни пред своите најмили, дури и во моменти кога срцето им се кине од болка.

Нова реклама, создадена по повод Денот на мајката, ја прикажува секојдневната реалност на мајките на тешко болни деца. Иако насамо тие плачат и врескаат од гнев, пред да се појават пред своите деца овие „лавици“ успеваат да ги избришат солзите и да се насмеат.

„Овој Ден на мајката помогнете ѝ на мајка на болно дете да остане силна“ – пишува на крајот на видеото.

Рекламата е создадена од „SickKids Foundation“, непрофитна организација која собира средства за истражувања и грижа за детското здравје.

„Зад секое дете кое е во болница и го пропушта своето детство стои силна мајка“ – пишува на сајтот на организацијата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.