Почетна » Новости » Занимливости » Редовна консумација на пробиотски јогурт за рамнотежата во организмот

Редовна консумација на пробиотски јогурт за рамнотежата во организмот

Јогуртот одамна станал неизоставен производ во секојдневната исхрана, не само благодарение на својот вкус, туку и поради бројните придобивки за органите за варење и за воспоставување на рамнотежата во организмот.

Благодарение на своето полезно дејство, докторите често препорачуваат секојдневна консумација на пробиотски јогурт заради регулирање на цревната микрофлора и надуеноста, ставајќи го пред бројни лекови, што е потврдено и од медицински истражувања. Едно такво истражување е спроведено од страна на КБЦ Бежаниска Коса каде што е потврдено дека консумацијата на пробиотскиот јогурт Balans+ го регулира варењето по само 10 дена континуирана употреба.

Јогурт

Еве неколку факти за пробиотскиот јогурт и користа од него:

  • Содржи калциум, витамин Б6 и Б12, магнезиум, калиум и фосфор
  • Не се сите јогурти исти, во одржување на функцијата на дигестивните органи се истакнуваат оние кои содржат здрави бактерии во вид на пробиотици
  • Позитивно влијаат на здравјето на коските и претставуваат одлични сојузници во превенцијата на остеопорозата
  • Хранливите вредности на јогуртот растат со поголемата количина на здрави бактерии
  • Пробиотиците во јогуртот влијаат на намалувањето на холестеролот, регулирањето на варењето и запирањето на дијареата
  • Во само 250 гр јогурт содржани се околу 8 гр протеини што дополнително создаваат чувство на ситост
  • Консумацијата на пробиотски јогурт ја зголемува апсорпцијата на витамини и минерали
  • Пробиотиците кои го зголемуваат нивото на добри бактерии во организмот влијаат и на намалување на анксиозноста и стресот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10624 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.