Професори од Босна и Херцеговина ги изненадија своите матуранти со танц, станаа вирален хит на социјалните мрежи и добија бројни комплименти.
Просветните работници од Средношколскиот центар „Приједор“ склопија забавна кореографија на песната „Ludi Letnji Ples“ и предизвикаа бура од емоции кај нивните ученици на матурата. Дури и професорите кои се пред пензија го дадоа нивниот максимум додека танцуваа.
Нивната цел била да им покажат на матурантите дека ги следат нивните младешки желби и трендови, како и дека секогаш ќе ги поддржуваат.
Откако станаа хит, тие напишаа:
„Сè уште сме под силни емоции. Гордост, љубов, среќа и радост деновиве го преплавија нашето училиште. Ви благодариме на сите за поддршката, пофалбите и позитивните коментари. Не мора да сте совршени за да бидете неверојатни“ – стои во објавата од училиштето.
„Пораката беше тие да знаат дека ние секогаш сме покрај нив, дека ги следиме и ги слушаме нивните младешки желби и дека секогаш ќе им даваме поддршка“ – рекла професорката по биологија, Ивана Миљешиќ.
„Нивните смеа, скокања, вресоците и блицовите на нивните мобилни телефони ни беа ветер во грб и благодарение на тој ветер, дадовме сè од себе, а тие со нивната поддршка ни ги исполнија срцата“ – рекла Сања, психолог во училиштето.
Еден од матурантите за „Atv“ Бања Лука рече:
„Се виде колку им значиме на професорите и колку труд вложија во тој танц. Тој танц ќе ни остане како еден убав спомен и нема да го заборавиме“.