Почетна » Новости » Занимливости » Професионалната нега на коса RED CAT прослави една година од присуството во Македонија со едукативен семинар

Професионалната нега на коса RED CAT прослави една година од присуството во Македонија со едукативен семинар

По повод јубилејот една година од присуството на македонскиот пазар, во амфитеатарот на Европскиот Универзитет во Скопје словенечкиот бренд за професионална нега на коса RED CAT одржа интернационален едукативен семинар за професионални фризери и техничари.

На тема модерно шишање и нови техники за побезбедно осветлување на косата пред голем број на присутни свои стручни излагања имаа реномираниот словенечки фризер и мајстор г. Митја Тавчар и техничарот за RED CAT во Македонија г. Даниел Пауновски.

RED CAT

„Секоја жена заслужува долгорочно да има убава и негувана коса, која и ја зголемува атрактивноста и самодовербата. За тоа е препорачливо да користи козметички производи кои не го оштетуваат коренот на влакното, кои не предизвикуваат опаѓање на косата, и ја штитат структурата на влакното, а истовремено и даваат сјај и посакувана боја. RED CAT не само што ќе ја обои косата во блескава нијанса, туку овозможува и зацврстување на коренот и влакното, а фризурата добива неодолив волумен и сјај”, информираше пред присутните г. Митја Тавчар кој ги има највисоките признанија и дипломи во доменот на фризерската индустрија.

Присутните истовремено имаа можност да се запознаат со новaта Red Cat колекција Shining Colors, којa со својот квалитет се повеќе се наметнува на европскиот пазар. Да ги тестираа новите фарби кои се карактеризираат со тоа што не содржат амонијак и се нанесуваат без хидроген, содржат силни пигменти, не го оштетуваат влакното на косата, а даваат полн сјај на косата и специфичен колорит.

RED CAT RED CAT RED CAT

Даниел Пауновски истакна дека „колекцијата се состои од производи за нега на коса, редовни фарби, шампони и балсами, кои се создадени од професионални технолози, искусни фризери, врз основа на нивните искуства со клиентите.

Производите на RED CAT се со посебни формули засновани на висококвалитетни состојки добиени од природни состојки кои делуваат против мастење и опаѓање на косата, а притоа ја штитат внатрешната и надворешната структура на влакното. Најчесто користени се фарбите, кои не го оштетуваат влакното на косата, се со “полна боја” и даваат убав и посакуван сјај на косата. Сите производи се дерматолошки тестирани и не содржат сулфати, формалдехиди и парабени”.

RED CAT RED CAT

На семинарот се разви интересна дискусија, професионалните фризери од Македонија имаа многу прашања, и пројавија голем интерес за оваа квалитетна а достапна со ценa колекција која може да се најде само во професионалните фризерски салони.

RED CAT

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11408 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.