Почетна » Новости » Занимливости » Промената започнува од нас: Брачен пар засадил над 2 милиони дрвја и од пустелија направил рај

Промената започнува од нас: Брачен пар засадил над 2 милиони дрвја и од пустелија направил рај

Постојано слушаме дека планетата е на работ на уништување, дека луѓето се виновни за истребувањето на различни видови на животни, дека пластиката ги преплавува океаните и го убива подводниот свет... Но, дали преземаме нешто за да го промениме тоа?

Еве ви доказ дека мала, посветена група поединци може да има огромно влијание на околината.

Брачниот пар Салгадо во изминатите 20 години има засадено повеќе од 2 милиони дрвја и успеа да претвори пуст предел во Бразил во вистински рај на земјата.

Салгадо Салгадо

Во 1994 година, фоторепортерот Себастијао Салгадо се вратил во своето родно место во Бразил, на имотот на неговите родители, откако завршил со покривање на настаните за геноцидот во Руанда. Нештата што ги видел таму оставиле голема траума кај него, па тој одлучил да помине време во зелената шума каде што пораснал.

Но, наместо таму да го пронајде тропскиот рај кој го паметел од детството, тој видел пустелија. За само неколку години, дрвјата во неговото родно место биле исечени, а дивиот свет бил уништен.

Салгадо

„Земјата беше исто толку болна, колку што бев и јас – сè беше уништено. Само околу 0,5% од површината беше покриена со дрвја. Тогаш, мојата сопруга доби неверојатна идеја повторно да ја пошумиме шумата. Кога почнавме да го правиме тоа, одеднаш сите инсекти, птиците и рибите се вратија и благодарение на ова зголемување на дрвјата и јас се преродив – тоа беше најважниот момент“ – рекол инспиративниот човек за почетокот на нивната мисија за оживување на природата.

Парот веднаш го основал Институтот „Terra“, мала организација која досега има засадено 4 милиони стебла.

Салгадо Салгадо Салгадо Салгадо

„Можеби имаме решение. Постои нешто што може да го трансформира CO2 во кислород, а тоа е дрвото. Мораме да ја обновиме шумата. Треба да имате шума со локални дрвја и мора да ги собирате семињата во истиот регион каде што ги садите, во спротивно змиите и термитите нема да се вратат. Ако посадите шума во која не припаѓаат, животните нема да се вратат во неа и шумата е тивка“ – заклучил Себастијао и со сопругата се погрижиле сите растенија кои ги садат да бидат од околината.

Денес, шумата е прекрасна. Дивиот свет се врати во неа, заменувајќи ја тишината со какофонија од звуци. Досега се имаат вратено 172 видови птици, 33 видови цицачи, 15 видови влечуги, 15 видови водоземци и 293 видови растенија.

Салгадо Салгадо Салгадо Салгадо Салгадо

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.