Почетна » Новости » Занимливости » Проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ продолжува со активности и во 2019 година

Проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ продолжува со активности и во 2019 година

WE MAKE и во 2019 продолжува и делува со полна пареа преку јакнење на организациски капацитети, камп за иновациски процеси, состаноци за ланци на набавки, кластеринг и извоз, активна Платформа за јакнење на женското претприемништво

WE MAKE

Последната реализирана активност, во рамки на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, беше тридневниот камп за иновации, во Велес, од 20 до 22 февруари, 2019 год. Присутните 20 жени од 8-те плански региони, како и предавачи од Хрватска, во одлична атмосфера и прием, стекнаа знаења и информации, а преку активности беа поттикнати на креативност и иновативност во бизнис процесите, како инспирација за идните деловни чекори.

WE MAKE WE MAKE WE MAKE WE MAKE WE MAKE WE MAKE

Проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ поттикнува и мотивира голем број млади девојки и жени, да размислуваат поинаку и самостојно, да зборуваат гласно и моќно за нивните желби и амбиции, за рушење на стереотипите во поглед на економска состојба на жените и нејзиното јакнење. За таа цел на кампот, освен квалитетните излагања на предавачката – г-ѓа Мери Ен Рукавина Ципетиќ, од ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска, и ангажираниот експерт за иновации и иновативни процеси – г-дин Матео Иванац, Раководител на Секторот за иновативни системи при Секторот за индустриски развој и иновации, од Хрватската стопанска комора, учество земаа и се претставија и три жени претприемачки, со успешно развиени иновативни бизниси во националната економија, како примери на добри практики за мотивација за учесничките.

Досега се одржани повеќе од 50 промотивни и едукативни настани, округли маси и работни состаноци

„WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ успешно се реализира во осумте плански региони. Финансиран е од Европската Унија, преку ИПА програмата, и се имплементира во текот на 2018 година, а предвиден е трае до април 2019 година. Организациите спроведувачи, ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска и Здружението на бизнис жени, активно реализираат повеќе активности, во неколку фази, со постоечки и нови општествени партнерства, заедно со сите релевантни и засегнати чинители, за подобрувањето на конкурентноста на младите жени и девојки, во избраните општини од осумте плански региони, каде проектот се реализира: Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје.

Во изминатиот период од проектот, се одржаа повеќе од 50 промотивни и едукативни настани, округли маси и работни состаноци, во 8те плански региони, во присуство на повеќе од 750 учеснички од целната група, како и повеќе од 300 претставници од општините, институциите, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата. Одзивот и приемот беа одлични, на национално ниво, а за тоа зборуваат и бројките на реализираните настани и обуки, како и бројките на опфатени учеснички, нивните впечатоци и променети ставови во однос на претприемништво, кариререн раст и поттикнати амбиции.

WE MAKE WE MAKE WE MAKE WE MAKE WE MAKE

WE MAKE во пошироките рамки на проектни активности има снимени 8 кратки филма со успешни жени претприемачки, а во функција е поставена и WE MAKE веб платформа, предвидена за вмрежување, промоција и полесна соработка на жените претприемачки, со можност да се вклучат и поврзат, преку отворање на свој профил, да се промовираат, да пристапат до базата на жени претприемачки, ментори, консултанти, онлајн обуки, и сите споделени информации и тековни активности.

WE MAKE

Мотивирачките филмови се на YouTube каналот на проектот WE MAKE MK, се на линк: https://www.youtube.com/channel/UC0GSxBQCJvA0by-XbUpTHLA/videos

За WE MAKE веб платформата за вмрежување, регистрација на следниот линк: https://wemake.mk/

Повелете, приклучете сѐ на WE MAKE веб платформата - за повеќе информации и контакти, за промоција, вмрежување и економско јакнење. Ве очекуваме!

Здружението на бизнис жени и 2019 година ја продолжува работно, со имплементација на преостанатите активности од проектот. Продолжува постапката за формирање на првиот национален кластер за женско претприемништво, по примерот и моделот на кластерското поврзување на женските бизниси во Хрватска. За таа цел, беа одржани предвидените три работни состаноци со жени претприемачки, на тема ланци на набавки, извоз и кластеринг, во Скопје, на кои се разговараше за можностите за организиран начин на заедничко делување и настап на странските пазари, за поттикнување и олеснување на извозните активности во нивните компании. Исто така, во рамки на проектот, во јануари и февруари, беше реализирана и Стратешка работилница за јакнење на капацитетите на Здружението на бизнис жени, во присуство на проектниот тим од Хрватска и Македонија, како и на дел од потесното членство, кое во изминатиот период е активно вклучено и сака да придонесе за раст и развој на организацијата. За подобро реализирање на идните активности и поставените цели на Здружението на бизнис жени, во рамки на проектот, беа предвидени и работни состаноци на Платформата за јакнење на женското претприемништво. Од предвидените 4 состаноци, сите во Скопје, два се одржаа во текот на 2018 година, а два во јануари и февруари, оваа година.

WE MAKE

Состаноците опфатија организации потписници на меморандумот на Платформата за јакнење на женското претприемништво, и организации кои се заинтересирани да се вклучат во Платформата и следните проектни и пост-проектни активности.

Следна значајна активност е Стратешката тридневна работилница за кластери. Во тек се подготовките за неа, а планирано е да присуствуваат жени и девојки, од 8-те плански региона, кои беа вклучени во состаноците за кластери и WE MAKE проектот воопшто, а се заинтересирани за експорт и заеднички настап на странските пазари. Работилницата е предвидена за средината на месец март, 2019 год., со присуство на претставник од партнерската организација од Хрватска, ангажираниот ексерт за кластери, претставници од постоечки и активни кластери во земјата, како и 4 регионални експерти за извоз, од 4 балкански земји, кои на заинтересираните учеснички ќе им ги објаснат постапките за извоз и процесите на кластерско работење во нивните земји.

За сите понатамошни активности и информации, следете ја реализацијата на проектот на линковите:

https://wemake.mk/

https://www.facebook.com/WE-MAKE-Women-Entrepreneurship-for-Competitiveness-180063836052297/

и на Facebook страната на Здружението на бизнис жени:

https://www.facebook.com/AssociationofBusinessWomenMacedonia/

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.