Почетна » Новости » Занимливости » Програма за (само)вработување на самохрани мајки

Програма за (само)вработување на самохрани мајки

Бизнис Конфедерација на Македонија во следниве три месеци ќе ја спроведува програмата за (само)вработувањe на самохрани мајки и жртви на семејно насилство, која има за цел да им понуди поддршка на жените кои имаат потреба за сопствено економско зајакнување.

Мајка

Програмата е дизајнирана за да им понуди помош при вработување и самовработување на самохраните мајки. Преку циклус од пет обуки тие ќе добијат знаење и вештини кои реално се потребни на пазарот на труд, потоа пријавените учеснички ќе добијат можност да соработуваат со жени претприемачки кои ќе бидат нивни менторки и ќе им пружат поддршка и совети како полесно да најдат вработување или да отворат свој бизнис, и исто така учесничките ќе добијат можност за пракса во компанија преку која ќе можат да ги зајакнат на сопствените вештини и згоелмени можности за вработување.

Оваа програма опфаќа учеснички од Скопје, Битола и Штип.

Што ќе добијат учесничките во програмата?

I Учество во 5 сертифицирани краткорочни обуки на следниве теми:

  1. Асертивност во професионална комуникација.
  2. Лидерство и тимска работа.
  3. Менаџмент на задача, себе и време.
  4. Претприемништво и пазар
  5. Вработување и (само)вработување – вклучува изработка на ЦВ/мотвационо писмо и ли бизнис план

II Сертифицирана вокациона обука за занимање кое им е потребно на бизнис компаниите кои учествуваат во програмата, се цел да се овозможи евентуално вработување на учесничките во некоја од компаниите кои се дел од програмата.

III Поддршка од ментор (успешна жена претприемач), која ќе им помогне на оние заинтересирани за започнување на сопствен бизнис поефикасно да го спроведат тој процес (поддршката се однесува на споделување совети, искуства и контакти кои ќе им послужат на учесничките да се справат со потешкотиите во започнување на бизнис, изнаоѓањето на клиенти и вообичаените проблеми со кои се среќава секој нов претприемач).

IV Вмрежување – преку програмата учесничките ќе бидат во контакт со други претприемачи – потенцијални клиенти, бизнис партнери или работодавачи, кои ќе им го олеснат процесот на наоѓање работа и започнување бизнис.

V Директни информации и конкретни совети од релевантни институции и за достапните мерки, субвенции и други типови на олеснувања и поволности при вработување и започнување сопствен бизнис.

VI Информации за можности за вработување во компаниите кои членуваат во програмата.

VII Психосоцијална поддршка – неделни средби за споделување на искуствата и предизвиците во процесот на вработување и само- вработување, со цел взаемна поддршка од останатите учеснички во програмата.

ЗА ВРЕМЕ НА СИТЕ АКТИВНОСТИ НА ПРОЕКТОТ ОБЕЗБЕДЕН Е ПРОСТОР И СТРУЧНИ ЛИЦА ЗА ЧУВАЊЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА.

Доколу сте заинтересирани, своето учество може да го пријавите на ea@bcm.mk.

Исто така доколку имате потреба од дополнителни информации, обратете се на ea@bcm.mk или јавете се на 02/322 4762

Рокот за пријавување е до 19.05.2017

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.