Почетна » Новости » Занимливости » Принцот Хари со емотивен текст најави тужба за медиум: „Ја изгубив мајка ми и сега мојата жена станува жртва на истите моќни сили“

Принцот Хари со емотивен текст најави тужба за медиум: „Ја изгубив мајка ми и сега мојата жена станува жртва на истите моќни сили“

Принцот Хари гласно им се спротивстави на британските медиуми кои умислено водат негативна пропаганда за нарушување на имиџот на неговата сопруга Меган Маркл.

Веќе неколку месеци, во одредени медиуми непрекинато се критикувани Хари и Меган за одлуката да летаат со приватен авион за летувањето со синот Арчи, во повеќе наврти се објавувани интервјуа со таткото на Меган кој јавно зборува за нивните нарушени односи и бара да го види малиот внук, а неретко се става акцент на сумите кои војвотката од Сасекс ги троши за облека. Исто така, парот е критикуван за скапото реновирање на нивното живеалиште, но и за тоа што реши да не го претстави синчето пред јавноста по неговото раѓање.

Хари и Меган

Хари со емотивен текст најави дека конкретно го тужи весникот Mail On Sunday, односно сајтот Daily Mail затоа што го објави приватното писмо кое Меган му го испратила на татко си, а и како што вели тој, медиумот го искористи за да ја манипулира јавноста.

Во емотивниот текст, Хари пишува: „Како пар, веруваме во слободата на медиумите и објективно, вистинито информирање на јавноста. Го сметаме за темел на демократијата и со оглед на ситуацијата во која се наоѓа светот, сега ни се потребни одговорни медиуми повеќе од кога било претходно.“

„За жал, мојата сопруга стана најновата жртва на британските таблоиди кои водат кампања против индивидуи без да мислат на последиците – безмилосна кампања која ескалираше во изминатава година, додека таа беше бремена и додека се грижеше за нашиот новороден син.“

„...За овие одредени медиуми, ова е игра, игра која ние не сакаме да ја играме уште од самиот почеток. Предолго бев тивок сведок на нејзиното приватно страдање. Да стојам настрана и да не преземам ништо е спротивно на сè во што веруваме.“

„Се доаѓа до момент кога единственото нешто што можеш да го направиш е да се спротивставиш на ова однесување, затоа што уништува луѓе и уништува животи. Едноставно кажано, ова е малтретирање, кое остава лузни и замолчува луѓе. Сите знаеме дека ова е недопустливо, на секое ниво. Нема да веруваме и не смееме да веруваме во свет во кој нема одговорност за тоа.“

За тужбата, Хари изјави: „Иако можеби оваа постапка не е сигурната, таа е правилната. Затоа што мојот најголем страв е дека историјата ќе се повтори. Ја изгубив мајка ми и сега мојата жена станува жртва на истите моќни сили.“

„Ви благодариме вам за континуираната поддршка. Многу ја цениме. Многу ни е потребна иако можеби не изгледа така.

Меган и Хари моментално ја привршуваат кралската турнеја во Африка.

Хари и Меган Хари и Меган Хари и Меган Хари и Меган Хари и Меган

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.