Почетна » Новости » Занимливости » Пример за сите: Самохрана мајка го учи синчето уште од мали нозе дека „домашните обврски не се само за жени“

Пример за сите: Самохрана мајка го учи синчето уште од мали нозе дека „домашните обврски не се само за жени“

Самохрана мајка доби бројни комплименти откако во објава на Facebook сподели дека го учи својот 6-годишен син да ѝ помага во извршувањето на домашните обврски.

Во својот текст, Никол Полин објаснува дека работата во домот не е само за жени и дека токму на тоа сака да го научи својот 6-годишен син Лајл.

22-годишната мајка на две деца во минатото била малтретирана од својот поранешен партнер и сега дава сè од себе за да се увери дека нејзиниот син ќе ги почитува и ќе им помага на претставничките на понежниот пол.

Еве ја во целост нејзината објава:

Лајл

Го учам син ми да готви и да извршува домашни обврски. Зошто? Затоа што домашната работа не е само за жени. Затоа што еден ден можеби ќе биде сингл маж, кој ќе живее сам и кој всушност ќе знае да си ги испере алиштата и кој нема да јаде секоја вечер надвор. Затоа што еден ден можеби ќе сака да импресионира драга личност со специјалитет зготвен со сопствените раце. Затоа што еден ден кога ќе има деца и сопруга, ќе треба да помага околу домот.

Затоа што живеам во генерација од луѓе кои се жалат дека училиштето не нè учи како да готвиме, да переме, да врзуваме вратоврска или да си ги плаќаме даноците. Затоа што учењето на мојот син како да ги прави сите овие нешта и да биде продуктивен член во општеството и во домот и надвор од него, започнува од МЕНЕ.

Затоа што е во ред да го оставите детето да биде дете, но истовремено морате да го научите на животни лекции. Син ми никогаш нема да биде премногу „мажествен“ за да готви или да ги извршува домашните обврски. Тој ќе биде тип на маж кој може да влезе дома откако ќе промени гума на автомобил за да провери до каде е печеното месо. Кој ќе може правилно да си ја сортира валканата облека и да ја коси тревата исто така.

Запомнете родители, маж кој верува дека не треба да готви или да помага низ домот некогаш бил момче кое не било научено на подобро.

По објавувањето на виралниот пост, Никол сподели фотографија на која нејзиниот син заслужено се одмора од работата со играње видео игра.

Лајл

Никол го привлече вниманието на светот на почетокот од годината, кога објави фотографија на која синчето плаќа за вечерата во ресторан и напиша текст во кој објаснува дека го учи Лајл да биде џентлмен. Текстот можете да го прочитате тука.

Никол ПолинНикол со двете деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11448 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.