Почетна » Новости » Занимливости » Еве како една мајка која била малтретирана во минатото го учи синчето да ги почитува жените

Еве како една мајка која била малтретирана во минатото го учи синчето да ги почитува жените

Текстот на мајка, која на прекрасен начин го учи своето 6-годишно синче да биде џентлмен и да се однесува кон жените со почит, освои милиони срца низ светот.

Никол Полин била малтретирана во минатото, па поради тоа дава сè од себе за да се увери дека нејзиниот син Лајл ќе ги почитува претставничките на понежниот пол. 22-годишната мајка на две деца во објава на Facebook раскажа како Лајл учи да биде џентлмен и да биде учтив кон жените. Објавата е вирален хит со речиси 3 милиони допаѓања и 500.000 споделувања.

Никол Полин

Еднаш месечно мојот 6-годишен син ме носи на вечера. Тој ми ја отвора вратата, ми го трга столчето за да седнам, зборува за тоа како го поминал неговиот ден и ме прашува како ми поминал мојот, ја плаќа сметката со пари кои ги заработил извршувајќи домашни обврски, дури и остава бакшиш за келнерот/келнерката.

На овој начин, јас го учам како треба да се однесува кон дама и како да ја одведе на вистински состанок, како да покаже дека ја почитува жената која ја сака (засега тоа е мама).

Го оставаме настрана нашиот телефон и iPad-от (со исклучок на правењето на оваа фотографија) и седиме и си зборуваме за тоа како ни поминал денот, за нештата кои сакаме да ги направиме итн.

Го учам на добри манири на масата и дека е некултурно да зјапа во телефонот додека е на состанок со мајка си или со кој било друг. Тој учи за вредноста на парите и како да менаџира со нив. Учи математика додека собираме колку чини она што сакаме да го нарачаме и секогаш се трудиме да има 15% од сумата за бакшиш.

Да, тој е мал, но јас верувам дека ова е нешто што треба да го научи сега. Никогаш не е прерано за да го научиш твоето дете како да покажува почит кон другите, особено кон жените. Како жена која била малтретирана и третирана како ѓубре во минатото, многу е важно за мене да го научам мојот син како да покажува почит. Во денешно време, премногу мажи не знаат како да се однесуваат кон жена или како да ја одведат на добар состанок.

Убаво е што знам дека мојот син нема да биде еден од нив.

Никол Полин Никол Полин

Комплиментите до Никол не престануваат да пристигнуваат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.