Почетна » Новости » Занимливости » Приказна за осамен дедо од Србија ќе ве трогне и замисли

Приказна за осамен дедо од Србија ќе ве трогне и замисли

„Добар ден... Илија овде... само сакав да ви честитам Нова година... и да ви кажам дека ми е многу жал што никој не ми се јави да ми честита... нити дојде да ме посети... Многу ве сакам... Бидете ми живи и здрави... Ве сака, дедо.“

Дедо

Тажна приказна од Србија ќе ве замисли.

Психотерапевт од Белград беше сведок на непријатна случка во пошта и ја сподели на Facebook, па за кратко време разгоре многу дискусии.

Станува збор за осамен дедо кој не добил ниту малку внимание и љубов од потомството.

Мала пошта на главната автобуска станица во Белград...

Три шалтери, три говорници, севкупно 50 квадрати...

2 јануари 2017, околу 2 часот попладне...

Тој има околу 75 години...

Има престар мантил и панталони и уште постари чевли...

Ја има онаа капа, која ја носат само пензионери и хипстери. Несредена седа коса, мустаќи, очила со дебели стакла, огромни очи и џемпер... што се облекува кога поради некоја причина нема греење во станот...

Влегува во поштата и љубезно ја прашува вработената дали сè уште работат говорниците и дали може да телефонира...

Вработената, без трошка емотивно инвестирање, одговара дека може...

Тој влегува во средната говорница. Вратата не може целосно да се затвори и започнува разговор...

„Добар ден... Илија овде... само сакав да ви честитам Нова година... и да ви кажам дека ми е многу жал што никој не ми се јави да ми честита... нити дојде да ме посети... Многу ве сакам... Бидете ми живи и здрави... Ве сака, дедо.“

Отсечно прекинува, како што правевме сите ние некогаш, во она време на скапи секунди...

Се слуша кратка воздишка и звук на спуштање на слушалката на оној метален јазик...

Вратата се отвора...

Тој излегува...

Достоинствен, како ништо да не се случило, убеден дека ние немаме поим каква драма се одвиваше зад несреќно затворената врата од говорницата и под неговиот мантил...

Ја прашува вработената колку должи...

Плаќа, љубезно се заблагодарува, ги честита празниците и полека заминува...

Вработената и јас го гледаме... стаписани...

Размислувам...

Кој го заборавил?

Што ли им згрешил?

Или не им згрешил?

Кого јас сум заборавил?

Кому треба да се јавам, да искажам благодарност, љубов или почит?

Има ли уште надеж да се поправи ситуацијата?

За среќа, ние имаме телефони во џебот, пораки и мејлови, секакви чуда...

Ете некој користи и од нив...

А и сме на втората страница од овогодишните 365 ненапишани...

За среќа сè уште има време да се напише роман кој ја збогати душата, кој е мелем за рани и кој ќе го направи подобар човек секој кој ќе го прочита, или барем малку ќе му олесни...

Сијалица или свеќа, перо или тастатура, лист хартија или лаптоп, сето тоа се само околности и занемарливи ситници...

Кои не ја одвојуваат добрата приказна од лошата...

За разлика од љубовта....

Таа била отсекогаш друга приказна...

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.