Почетна » Новости » Занимливости » Претседателот Стево Пендаровски и Првата дама Елизабета на црвениот тепих на „Браќа Манаки“ во Битола

Претседателот Стево Пендаровски и Првата дама Елизабета на црвениот тепих на „Браќа Манаки“ во Битола

Вечерва започнува 40-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Како главен покровител, на свеченото отворање присуствуваше Претседателот Стево Пендаровски, кој беше придружуван од сопругата Елизабета.

56-годишниот Претседател и 47-годишната Прва дама изгледаа отмено додека чекореа на црвениот тепих пред Центарот за култура во Битола.

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска

Модната дизајнерка Тања Кокев се погрижи за облеката на Елизабета.

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска

Почитувани вљубеници во магијата на подвижните слики,

Имам особена чест и големо задоволство да бидам покровител на јубилејното 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Во изминатите 4 децении фестивалот израсна во водечки кинематографски настан во нашата земја со високо реноме во европски и светски рамки. Впрочем, тој е прв и само еден од неколкуте во светот меѓу илјадниците филмски фестивали, кои се фокусирани на филмската камера. Низ годините „Браќа Манаки“ посветено градеше и создаде имиџ на оригинален и препознатлив филмски фестивал кој негува највисоки естетски стандарди. Не случајно, фестивалот „Браќа Манаки“, годинава од Меѓународната асоцијација на кинематографери „ИМАГО“ доби награда за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност. Ја користам оваа можност да им се заблагодарам на директорката и на уметничкиот директор на фестивалот, како и на сите останати кои стојат зад организацијата и селекцијата на програмата, и кои напорно работат цела година. Подготвена е одлична програма збогатена со нови интересни содржини што гарантира дека и овој септември Битола ќе биде центар на кинематограферите и филмските работници и омилена дестинација на сите филмофили кои ќе уживаат во репрезентативни дела од седмата уметност.

Честитајќи го 4-деценискиот јубилеј би сакал да ви испратам пофалба за сета напорна работа што придонесе фестивалот да биде успешен низ годините. Посакувам фестивалот и понатаму достојно да го надградува наследството што го оставија првите кинематографери на Балканот, Јанаки и Милтон Манаки и ревносно да ја презентира и афирмира филмската уметност, но и филмот и културата во Република Северна Македонија.

Стево Пендаровски

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11132 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.