Почетна » Новости » Занимливости » Прекрасно е да си дома!

Прекрасно е да си дома!

Купувањето сопствен дом, а дотолку повеќе ако е прв, можеби е една од најголемите финансиски одлуки што некогаш ќе ги направите. Тоа може да биде помалку и застрашувачко, особено во оној момент кога ќе помислите на кој начин би дошле до неопходниот буџет.

Од друга страна, пак, поседувањето сопствен дом е една од најпосакуваните желби, бидејќи дава чувство на сигурност, безбедност, мир и спокој или, наједноставно кажано – само дома си е дома.

Незаменливо е чувството кога целото семејство се буди под еден заеднички покрив. Незаменливо е и чувството кога ќе се вратите изморени од работа и ќе се одморите на сопствениот кауч, кога ќе го вклучите сопствениот телевизор, ќе си подготвите јадење во сопствената кујна и кога ќе ги погледнете широките насмевки на вашите деца во нивната сопствена детска соба. Тогаш знаете дека сте дома.

Она што е тешко или, ако повеќе сакате, она што не е лесно, е обезбедувањето финансии за „домот од соништата“. За жал, не може секој „да изгради куќа од сопствен џеб“, но проблемот не би бил проблем доколку за него не постои соодветно решение. Станбените кредити не се ништо ново и ништо страшно, а не се ни нешто што не може да се реализира. На пример, дали знаете дека само во 2017 година и само во Америка, 71,2% од домовите се купени со помош на станбен кредит?

Дом

Предностите на станбениот кредит

А, зошто да не? Приватноста, поврзаноста со заедницата, сигурноста, но и растечката вредност на поседување недвижен имот се незаменливи. На пазарот има безброј можности, односно поволни станбени кредити што ве носат чекор поблизу до поседувањето стан или куќа.

Иако можеби не сакате да ѝ бидете должник на банката, сепак треба да размислувате и на иднината, а токму станбениот кредит го прави поседувањето дом подостапно и поедноставно. На пазарот има и поволни кредити со поволни каматни стапки и структура што ќе ви обезбедат сопствен покрив над главата.

Моментално, добар пример за атрактивни понуди е станбениот кредит на Халкбанк со намалено учество од 15%, кој е во пакет со полиса за животно осигурување, но и со гратис полиса за домот. Немате трошоци запроцена, за одобрување кредит, како и за предвремена ликвидација од сопствени средства, а, пак, каматната стапка е фиксна во првите 5 години. На тој начин, со добар финансиски план, лесно може да дојдете до исполнување на сонот.

Всушност, обезбедувањето поволни можности за вдомување го промовира просперитетот, што, пак, за возврат создава успешни заедници и го подобрува квалитетот на живот во нашата средина.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8876 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.