Почетна » Новости » Занимливости » „Прекрасна е, зарем не?“ Бренд покажува како реално изгледа телото по породувањето за да ги охрабри новите мајки

„Прекрасна е, зарем не?“ Бренд покажува како реално изгледа телото по породувањето за да ги охрабри новите мајки

Бренд преку реални фотографии од мајки прикажува како навистина изгледа телото по породувањето, спротивставувајќи се на она што го гледаме во медиумите.

Водејќи се од фактот дека повеќе од 80% од новите мајки се споредуваат со нереални идеали, Mothercare лансираше кампања која ја слави убавината на секое тело кое создало нов живот во себе. Целта на кампањата „Body Proud Mums“ е да поттикне позитивен разговор и да им помогне на мајките да се чувствуваат самоуверено и гордо во сопствените тела.

„Во срцето на кампањата стои верувањето дека сите мајки се убави. Покрај сè, нивните тела штотуку направиле чудо.“

Mothercare Mothercare Mothercare Mothercare

„Фотографиите прикажуваат реални и неверојатно емотивни искуства при раѓање. Целта е мајките од сите форми и големини да можат да се пронајдат во фотографиите на некаков начин и да се чувствуваат многу посамоуверено со нивните несовршености“ – пишуваат од брендот.

„Повеќе од 80% од мајките во Британија признаа дека си го споредуваат телото по породувањето со нереалистични идеали, а 90% од жените на возраст од 18 до 25 години очекуваат нивните тела да наликуваат на оние на славните и на она што го гледаат во медиумите. Нашата кампања се бори со овој проблем преку користење на нефотошопирани фотографии кои го слават постпородилното тело, охрабрувајќи ги новите мајки да се гордеат и да се чувствуваат удобно во своето тело“ – додаваат тие.

Фотографиите на кои стои натписот: „Прекрасна е, зарем не?“ се дело на фотографката Софи Мејен.

Mothercare Mothercare Mothercare Mothercare Mothercare Mothercare

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9481 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.