Почетна » Новости » Занимливости » Пред да почине договорил жена му секоја година да добива цвеќиња за Св. Валентин

Пред да почине договорил жена му секоја година да добива цвеќиња за Св. Валентин

Романтичниот гест на Џим Голај ќе ви го згрее срцето. Грижливиот сопруг склучил договор со цвеќарница за неговата сопруга да продолжи да добива букети за Св. Валентин и по неговата смрт.

Пред една година, Џим добил многу лоша вест. Нему му бил дијагностициран неизлечив тумор на мозокот. Знаејќи дека не му останува уште многу време, тој смислил долгорочен план за неговата сакана секоја година да биде потсетувана на неговата безусловна љубов. Имено, тој побарал од една цвеќарница да ѝ доставува на сопругата Шели букет со кратка порака.

Џим издишал за последен пат во јули минатата година.

Два дена пред Св. Валентин, Шели добила букет со порака: „Честит Св. Валентин душо! Биди силна! Засекогаш твој. Со љубов, Џим.“

Џим и Шели Голај

Шели прво помислила дека букетот е нарачан од нејзините две деца, но кога се јавила во цвеќарницата, открила дека ова е само првиот од многуте букети кои треба да ги добие од Џим.

„До мојата смрт ќе добивам цвеќиња за Св. Валентин и тоа е само уште еден доказ за неговата љубов... Тој е прекрасен маж и може да сака безгранично. За него нема граници, дури ни во смртта. Тој едноставно е прекрасен... Тоа беше вистинска љубов, каква што не гледаш често. Бајковита романса. Иако немавме бајковит крај, беше прекрасно“ – изјавила Шели за KCWY.

Џим и Шели Голај Џим и Шели Голај

Цвеќарката Џеси e само една од многуте личности кои биле трогнати од гестот на Џим. „Беше многу трогателно да се чуе приказната. Ова наликува на нешто што се случува само во филмовите“ – изјавила таа.

Џим и Шели Голај

Шели планира засекогаш да го чува букетот кој ќе ја потсетува на овој специјален Ден на вљубените.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11578 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.