Почетна » Новости » Занимливости » Празнична работилница во Скопје: Лицата со Даунов синдром ја покажаа креативноста

Празнична работилница во Скопје: Лицата со Даунов синдром ја покажаа креативноста

Предновогодишната работилница, која се одржа во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје, донесе уникатни новогодишни честитки и дружба на македонските дизајнери со лицата со Даунов синдром.

Модните дизајнери Ирина Тошева и Олгица Ѓоргиева, графичкиот дизајнер Емилија Мишева Ставрова и студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот Универзитет, разменуваа идеи и ги поттикнуваа вештините на лицата со Даунов синдром.

Работилница со лица со Даунов синдром Работилница со лица со Даунов синдром Работилница со лица со Даунов синдром Работилница со лица со Даунов синдром Работилница со лица со Даунов синдром Работилница со лица со Даунов синдром Работилница со лица со Даунов синдром

Работилницата која беше организирана од „Јавна соба“ и Моден викенд Скопје, со помош на активистките Марија Матовска и Росица Колева кои долги години се занимаваат со поддршка на лицата со Даунов синдром, има за цел да допринесе за личниот развој и рамноправен статус на овие лица во нашето општество, како и да покаже дека и покрај својата попреченост лицата со Даунов синдром се со многубројни таленти.

Во Македонија постепено се зголемува бројот на организации и индивидуалци кои посветуваат големо внимание на развој и општествена инклузивност на лицата со Даунов синдром.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11459 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.