Почетна » Новости » Занимливости » Појадок што го претвора секој лош ден во добар

Појадок што го претвора секој лош ден во добар

За појадок, меѓуоброк или десерт, јогуртот е лесен и здрав, крие неверојатни благодети и е храна достојна за восхит

Не е нималку зачудувачки што на прехрамбената пирамида се наоѓа на многу високо место, бидејќи не само што е одличен извор на протеини, минерали и витамини, јогуртот содржи и многу малку калории.

Со внесување на јогурт во организмот внесуваме и калциум што го сигнализира излачувањето на хормонот кортизол што го олеснува слабеењето, а аминокиселините помагаат при согорување на масните наслаги. Корисните бактерии во јогуртот штитат од воспаленија и штетни микрооганизми и не предизвикуваат кариес.

Истражувањата покажуваат дека над 70% од луѓето секојдневно консумираат двојно поголема количина на сол, што со тек на време доведува до зголемен крвен притисок, болести на бубрезите и срцето. Калциумот и калиумот од јогуртот, помагаат во исфрлање на вишокот на сол од организмот и на намалување на крвниот притисок.

Во таа насока, тимот на Алпско млеко иницираше акција за промоција на здравите навики и зачувување на општото добро здравје, дистрибуирајќи бесплатен појадок до вработените во големи компании во Скопје. Тимот на Алпско млеко сакаше да ги поттикне и да ги потсети вработените на потребата од превземање на поголема одговорност кон сопственото здравје, имајќи го предвид нивното еуфорично секојдневие.

Алпско млеко

Појадокот со домашен јогурт со неодолив вкус ги развесели сите и им го претвори лошиот ден во добар.

Знаејќи дека рамнотежата и добриот баланс во организмот го нарушуваат долгите часови поминати на работното место, стресот, пушењето и медикаментите, тимот на Алпско млеко им приреди на вработените богат оброк со многу хранливи материи, витамини и минерали направен во хармонија со природата, идеален за здрав почеток на денот.

Алпско млеко Алпско млеко

Во оваа акција особено важни беа поединците што поради околностите на работа, најчесто го забораваат овој најважен оброк во денот, компромитирајќи го своето добро општо здравје и физичка благосостојба.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11328 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.