Почетна » Новости » Занимливости » Пепелашка со стаклена рака: Мајка сними бајковита фотосесија за да му ја подигне самодовербата на девојче без рака

Пепелашка со стаклена рака: Мајка сними бајковита фотосесија за да му ја подигне самодовербата на девојче без рака

Менди Парсли, која има само една рака, пораснала не знаејќи колку лица во светот го имаат истиот хеникеп. Поради тоа, добродушната Американка одлучила да ја споделува својата приказна за да им покаже на младите девојчиња и момчиња дека не треба да се срамат што се поразлични од другите.

„Растејќи како девојче без рака, ретко гледав личности како мене да бидат претставувани во медиумите или во филмовите. Всушност, јас не ни познавав други луѓе со физички разлики. Па, ми требаше многу време за да сфатам дека нештата кои нè прават поразлични, исто така, можат да бидат нешта кои нè прават убави, силни и незаборавно уникатни. Мојата цел е да ја истакнам убавината на нашите различности“ – вели Парсли.

Пепелашка со стаклена рака

Кога еден ден пријателка ја запрашала дали има фотографии кои може да му ги покаже на девојче родено со една рака, Менди знаела што треба да направи. „Пријателка денес ме праша дали имам некои фотографии кои би можела да ги споделам со девојче кое е родено со една рака и јас сфатив дека сè уште можеме да им носиме радост на луѓето“ – вели Менди.

Знаејќи дека малите девојчиња растат гледајќи цртани филмови со принцези, Парсли одлучила да претстави принцеза која има хедикеп. „Што правиш кога не можеш да најдеш принцеза како тебе? Си создаваш! Поминав безброј часови шиејќи го балскиот фустан на Пепелашка и униформата на Принцот“ – објаснува таа. Она што е интересно, е тоа што наместо стаклени чевлички, Менди во приказната воведе стаклена рака.

Пепелашка со стаклена рака Пепелашка со стаклена рака Пепелашка со стаклена рака Пепелашка со стаклена рака Пепелашка со стаклена рака

На фотографиите, нејзиниот сопруг влегува во улогата на принцот.

Пепелашка со стаклена рака Пепелашка со стаклена рака Пепелашка со стаклена рака

„Овој костим е посветен на сите мали девојчиња кои учат како треба да се справуваат со сите предизвици во овој свет. Се надевам дека знаете дека сте убави и дека сте НЕЗАПИРЛИВИ! Креирајте ја сопствената приказна и бидете свој тип на принцеза“ – пишува Менди.

Пепелашка со стаклена рака

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10395 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.