Почетна » Новости » Занимливости » Официјална промоција на музиката од филмот „Врба“ во салонот на „Божиновски часовници и накит“

Официјална промоција на музиката од филмот „Врба“ во салонот на „Божиновски часовници и накит“

Во салонот на „Божиновски часовници и накит“ на улица Македонија се одржа промоција на музиката од филмот „Врба“ на Милчо Манчевски. Посетителите на салонот, како и ВИП клиентите имаа можност да добијат потпишан примерок од промотивниот компакт диск со официјалната музика на филмот.

„Среќни сме што годината ја заокружуваме со ваков настан. Врба е еден од филмовите кои ја одбележаа годинава, а ние како компанија секогаш со нетрпение ги очекуваме секое ново остварување на Милчо Манчевски. Годинава имавме можност заедно со нашите клиенти и соработници да ја споделиме взаемната радост“ - изјавија од Божиновски часовници и накит.

Музиката на Врба во Божиновски Музиката на Врба во Божиновски

Музиката за филмот „Врба“ е на Кирил Џајковски и на некој начин повторно ја обединува некогашната група „Бастион“, во чиј состав беа Кирил Џајковски, Милчо Манчевски, Љубомир Стојисављевич како и актерката Ана Костовска, која во филмот игра споредна улога.

Покрај него како автор на дел од музиката се појавува и Игор Василевски Новоградска, а користени се и композиции на Крсте Роџевски, Драган Ѓаконовски – Шпато и групата Бастион.

Музиката на Врба во Божиновски Музиката на Врба во Божиновски Музиката на Врба во Божиновски

Од „Божиновски часовници и накит“, потенцираа дека и наредната година ќе продолжат посветено да реализираат настани со кои ќе се обидат да го конвертираат времето и од него да созададат моменти за паметење.

Музиката на Врба во Божиновски Музиката на Врба во Божиновски Музиката на Врба во Божиновски Музиката на Врба во Божиновски Музиката на Врба во Божиновски Музиката на Врба во Божиновски Музиката на Врба во Божиновски Музиката на Врба во Божиновски Музиката на Врба во Божиновски Музиката на Врба во Божиновски Музиката на Врба во Божиновски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.