Почетна » Новости » Занимливости » Остварување на сонот: „Дизни“ ѝ подари свадба од бајките на жена со ретка срцева болест

Остварување на сонот: „Дизни“ ѝ подари свадба од бајките на жена со ретка срцева болест

Дизни ги обедини своите сили со брендот Kleenex за да ѝ ја исполни желбата на жена со ретка срцева болест. Видеото од свадбата брзо стана вирален хит поради прекрасната организација и неизмерната среќа на невестата.

Имено, Бен ја запросил Кери во Дизниленд и кога дошло време да ја планираат својата свадба, двајцата знаеле дека прославата треба да биде на истата локација.

За жал, Кери страда од вродена срцева болест поради која мора често да прави прегледи и можно е во иднина да има потреба од трансплантација на срце. Големите лекарски трошоци биле причината што парот бил принуден да ја одложува свадбата.

„Многу сум среќен што можам да ѝ го подарам ова, бидејќи знам колку многу ќе ја усреќам“ – вели Бен во видеото пред свадбената церемонија.

„Ова е остварување на мојот сон и ова е свадбата која отсекогаш ја посакував“ – изјави Кери.

Кери Кери Кери Кери Кери

Погледнете ја реакцијата на среќната невеста:

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.