Почетна » Новости » Занимливости » Останете фит за време на празниците

Останете фит за време на празниците

Секогаш можеме да најдеме начин како да останеме фит кога количината на храна е зголемена. Не заборавајте дека само неколку месеци не делат од лето, плажа и бикини. Зимските празници се најубавиот дел од годината, но за жал, и најтешкиот период да останете фит. Честите фамилијарни прослави, различните новогодишни забави и собиранки кои се богати со вкусна трпеза традиционална за нашево поднебје претставуваат непријател на вашата витка линија и оставаат малку време за спортски активности кои би ви помогнале да ја одржите вашата форма.

Спортскиот центар „Јане Сандански“ и фитнес центарот CYBEX во продолжение ќе ви даде неколку корисни совети како да останете во форма за време на зимските празници.

Cybex
  1. Најдете партнер за заедничко спортување
    Двајца се посилни од еден! Дополнителна поддршка од пријателот е секогаш одлична мотивација да продолжите со активноста. Постојано ќе имате друштво и секогаш ќе постои “таен натпревар” помеѓу вас.
  2. Не заборавајте на штетните калории во течностите. Празничните забави се одлична причина да се почестите со некој жесток пијалок. Но, поставете си граница. Не заборавајте дека коктелите имаат од 150 – 200 калории, пивото 100 – 160 калории, виното 80 – 120.
  3. Посетете ги нашите фитнес и аеробик центри. Нашите врвни фитнес инструктори ве советуваат да нè посетите и да го направите вашиот прв тренинг наутро и тоа на гладно за да ја искомпензирате вечерата со најблиските. Конзумирајте храна после еден час од тренингот.
  4. Пијте повеќе вода. Водата на повеќе начини му помага на вашето тело. Не само кога сакате да изгубите килограми, туку помага и при намалување на апетитот. Многу пати кога мислите дека сте гладни, вие сте всушност жедни. Обидете се пред секој оброк да пиете по една чаша вода. Водата ги согорува штетните калории во вашето тело.
  5. Јадете полека. Јадете полека и уживајте во вкусовите. Обидете се да џвакате 30 – 40 пати при еден залак. На мозокот му требаат околу 20 минути да сфати дека сте сити.
  6. Правете тежински вежби комбинирани со кардио. Фитнес инструкторите од СЦ Јане Сандански и фитнес центарот CYBEX советуваат 20 минути на било која од нашите машини за кардио вежби. На овој начин вашето тело поради тежинскиот тренинг ќе троши калории во текот на целиот ден и ќе го согорат оној несакан дел околу стомакот и колковите.
  7. Јадете 4 до 6 мини оброци наместо да се чувате за специјалниот празничен оброк. Никој не може да одолее на мирисот кој доаѓа од кујна додека се готви. Но, наместо да изедете полна рака чипс, крекери, пуканки, тесто, земете овошје или зеленчук.

Се надеваме дека нашите совети ви помогнаа како да ја одржите вашата форма и притоа да бидете здрави. Затоа, посетете го Спортскиот центар „Јане Сандански” за да го потрошите и трансформирате сето она што го прославивте изминатите денови. Останете здрави и фит.

Cybex

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.