Почетна » Новости » Занимливости » Озборување, споредување... 18 нешта кои жените треба да престанат да си ги прават една на друга

Озборување, споредување... 18 нешта кои жените треба да престанат да си ги прават една на друга

Жените знаат да бидат многу непријателски настроени една кон друга. Остри зборови, зајадливи коментари, погледи полни со осудување/завист...

Блогерката Лекси Херик состави листа од нешта кои жените често си ги прават една на друга, а не треба. Прочитајте го нејзиниот текст кој наиде на многу пофалби:

Жена

Сериозно, ние сме во ист тим. (И се разбира, не сите жени ги прават овие работи.)

  1. Нарекување „к*рва“. Остави ги жените да одлучуваат сами за себе и престани да се однесуваш како да имаш право да го искажуваш твоето неодобрување. Еве едно мото по кое треба да живееш: „Не е твоја вагина, не е твоја работа“.
  2. Коментирање за телото на други жени. Сите коментари допираат в срце и се навистина непотребни.
  3. Сериозно, самото дофрлување „Боже, колку си слаба“ е исто толку понижувачко колку коментирањето за качените килограми на девојка. Крај!
  4. Умислено „трчање“ по партнерот на друга жена. Почитувај ги туѓите љубовни врски како што сакаш другите да ја почитуваат твојата.
  5. Љубомора на туѓите успеси. Биди среќна за другите жени и за постигнувањата за кои напорно работеле.
  6. Давање двосмислени комплименти. „Твојата коса изгледа одлично! Ќе изгледа уште подобро ако ти е малку пократка?“ Леле, благодарам?
  7. Обвинување на „другата жена“ кога мажот изневерува. Како прво, можеби другата жена воопшто не знаела дека тој е во врска. Зошто толку многу жени ја мразат „другата жена“, а остануваат во врска со мажот? Мажот е оној кој ти рекол дека те сака, се заколнал дека ќе ти биде верен и кој те предаде. Престани да се одмаздуваш на „другата жена“ и соочи се со реалноста.
  8. Ширење озборувања.
  9. Избегнување разговор со жена со која си „на нож“. Зошто понекогаш чувствуваме потреба да му раскажеме на цел свет зошто сме лути некому, само не на личноста на која сме ѝ лути? Оди директно кај изворот и справи се со ситуацијата како возрасна личност.
  10. Давање на ветување за чување на тајна, а потоа прекажување на тајната на неколкумина. Ако пријателка ти каже нешто доверливо и побара од тебе да бидеш дискретна, покажи ја почитта која таа ја заслужува.
  11. Натпреварување една со друга. Ние сме во ист тим на овој свет и кога ќе започнеме да се бориме една против друга, ние не правиме ништо друго освен што создаваме смешни поделби.
  12. Споредување на нашите тела. Отровно е да „измеркаш“ друга жена и започнеш да ја споредуваш со тебе. Сакај се себеси онаква каква што си и не мисли дека треба да изгледаш како некоја друга.
  13. Критикување на туѓиот карактер. Кога некоја девојка е зборлеста, престани да ја нарекуваш „иритирачка“. Кога некоја девојка е потивка, престани да ја нарекуваш надмена.
  14. „Правење лице“. Ако имаш проблем со друга жена, едноставно престани да се дружиш со неа. Не се преправај дека си нејзина пријателка за потоа да ѝ се потсмеваш со останатите за тоа колку е одвратна.
  15. Презирање на момчето на другата. Знам дека е непријатно кога некоја од твоите пријателки ќе започне врска и ќе минува помалку време со тебе поради тоа. Но, единственото нешто што ќе го постигнеш со презирањето на нејзиното момче е оддалечување од неа.
  16. Непријателство без причина. Ако некој те праша зошто не ти се допаѓа некоја девојка, а ти немаш одговор, таа не ти е непријателка.
  17. Користење на недостатоците на друга жена за ти да изгледаш подобро. Не ги потценувај одлуките на некоја девојка за да си ја зголемиш самодовербата.
  18. „Плукање“ по друга жена на социјалните мрежи. Средното училиште заврши. Престари сме за вакви глупости.

Сакајте ги другите жени и бидете сакани од нив, бидејќи кога работиме заедно, ние сме незапирлива сила која не може да биде игнорирана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10291 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.