Новиот коронавирус со себе донесе и нов начин на нормално функционирање.
Со отстранувањето на рестрикциите, секоја земја на различен начин започна со организирање на настани, почитувајќи ги препораките за спречување на ширењето на вирусот.
Првиот поголем концерт во Велика Британија се одржа во „Virgin Money Unity Arena“ во Њукасл на 45.000 метри квадратни. Со цел посетителите да се придржуваат до препорачаната дистанца, поставени се заградени мини платформи каде можат да седат по 5-6 лица во група.









Капацитетот на „Virgin Money Unity Arena“ е 2.500 гости.