Почетна » Новости » Занимливости » Новогодишниот „Coca-Cola“ караван со хуманитарна мисија

Новогодишниот „Coca-Cola“ караван со хуманитарна мисија

„Coca-Cola“ караванот ќе пристигне во Скопје на 13 декември на плоштадот „Македонија“ и на 26 декември пред трговскиот центар „Скопје Сити Мол“

Новогодишниот „Coca-Cola“ караван тргна во својата добротворна мисија за споделување на новогодишната магија секаде и за секого, потсетувајќи нè дека токму во овој период од годината треба да ги отвориме срцата и да споделиме добрина.

Празницитe се време на давање и делење, не само на подароци, туку и на радост, љубов и внимание. Токму поради тоа, целта на овогодишниот „Coca-Cola“ караван е собирање книги за децата во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести во Скопје. Сите заинтересирани граѓани ќе можат да ги донираат книгите на самиот караван во деновите кога ќе биде во Скопје, на 13 и 26 декември, од 17 до 21 часот.

Караванот на радоста

Книгите што ќе бидат собрани ќе бидат донирани на Детската клиника. Покрај тоа, во соработка со клиниката, „Coca-Cola“ ќе преуреди една заедничка просторија во болницата во која децата ќе можат да се дружат, да читаат и да играат и, секако, ќе има полици за книги што ќе бидат пополнети благодарение на добрината на сите граѓани, јавни институции, компании, основни и средни училишта, општини и сите други кои ќе се приклучат кон оваа заедничка хуманитарна мисија.

Програмата на караванот почнува во 17:00 часот. Присутните ќе може да уживаат во детска претстава, во незаборавниот настап заедно со ѕвездите на X-Factor и секако, да се дружат и да се сликаат со Дедо Мраз.

Зимската магија, празничниот дух и љубов и радост во срцата се подароците кои „Coca-Cola“ заедно со сите граѓани со добро срце сака да им ги подари на децата од Детската клиника во Скопје. Затоа сите се добредојдени да се придружат кон оваа добротворна мисија заедно да донесеме насмевка на лицата на дечињата и да им ги направиме новогодишните празници посебни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.