Почетна » Новости » Занимливости » Новиот TOYOTA YARIS со промотивна цена од 9.990 Евра!

Новиот TOYOTA YARIS со промотивна цена од 9.990 Евра!

Новиот, значително изменет Yaris е веќе достапен во салонот на Toyota Авто Центар. Автомобилот кој за прв пат е произведен во 1999 година и понатаму останува лидер во продажбите на Toyota на европскиот пазар кој заклучно со 2016 година успеа да ја заокружи бројката од 3 милиони произведени единици.

Yaris

Дизајнот, квалитетот, перформансите и безбедноста се клучните фактори при купувањето на автомобил, а тоа се и главните области кои се во фокусот на подобрувањата на новиот модел. При конструирањето на новиот Yaris инженерите ги ислушаа реакциите и искуствата на купувачите за тоа каде треба да се направат подобрувања, сè со цел да се обезбеди поголемо уживање во возењето.

Сега Yaris се одликува со посмел надворешен изглед, со измени во предниот и задниот дел на возилото кои сега му даваат подинамичен изглед.

Yaris

Промените се видливи и во внатрешноста на возилото, кој сега изгледа помодерно со новиот избор на бои на седиштата, подобрувањата на инструментите и контролите. Тој и понатаму останува еден од најкомотните, најкомпактните и најпрактичните возила во својата класа.

Yaris

Во понудата на новиот модел ќе бидат 3 мотори:

Бензинци

o 1.0л/69 Кс, MT

o Новиот 1.5л/111Кс, MT. Го заменува постоечкиот 1.33 VVT-i.

Новиот мотор испорачува 10% повеќе моќност (111Кс/83Кв) од претходниот 1.33-литарски мотор, и има подобрување во потрошувачката на гориво за 12% (4,8л/100Км). Забрзувањето е скратено за 0,8 секунди (11 сек,0-100Км/ч).

Хибрид 1.5л/100Кс, e-CVT

Хибридниот мотор останува да биде главниот адут при продажбата, мотор кој во моментов опфаќа повеќе од 40% од продажбите на сите Yaris возила во Европа, и нуди најниска емисија на штетни гасови во сегментот. Yaris и понатаму останува едниствен во сегментот кој на купувачите ќе им понуди хибриден мотор, со можност да доживеат релаксирано и интуитивно возење пропратено со мала потрошувачка на гориво и најниска емисија на штетни гасови во класата.

Yaris

Новиот Yaris на македонскиот пазар ќе биде достапен со три нивоа на опременост. Во понуда ќе бидат сите 3 достапни мотори. Како и сите други возила на Toyota, новиот Yaris ќе има вистинска фабричка гаранција од 6 години/200.000km и во периодот што следи возилото ќе се понуди со промотивна цена од 9.990 Евра (619.380,00 денари), понуда која се однесува на моторот 1.0 и Terra ниво на опременост во која стандардно ќе добиете: 7 воздушни перничиња, систем за контрола на стабилноста на возилото (VSC), клима уред, аудио систем, Bluetooth и уште многу повеќе (детално на www.toyota.com.mk). Закажете тест возење на телефонскиот број 02/30 88 880 и дознајте зошто Toyota Yaris е еден од најпосакуваните автомобили на нашиот пазар.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.