Почетна » Новости » Занимливости » Нов депозит „Среќна среда” од Халкбанк

Нов депозит „Среќна среда” од Халкбанк

Посебни услови за штедење и поволна каматна стапка само во среда

Некои велат, среда е денот на среќата. Но, зошто токму среда? Постојат истражувања кои велат дека секаква умствена активност во денот среда, како читање, пишување, разговарање, би се одвивала со посебен фокус и внимание. Оттука, не случајно и се користи терминот „среќна среда“, а пак Халкбанк воведува нов промотивен депозит кој ќе биде активен токму секоја среда, и тоа со посебни услови.

Поаѓајќи од премисата да се овозможат секогаш иновативни продукти и одлична услуга на своите клиенти, Банката нуди можности за орочување на вашите средства преку овој уникатно дизајниран производ, кој гарантира исклучително поволни услови за штедење и многу поволна каматна стапка, која е фиксна. Сѐ со цел, вашиот влог да расте сигурно и стабилно.

Депозит - Халкбанк

Имено, со промо депозитот на Халкбанк, Среќна Среда, секоја среда со минимален износ од 30.000 денари или 500 евра влог, можете да ги орочите вашите средства на 13 или на 25 месеци, со тоа што на 13 месеци доколку вашиот влог е во денари добивате 1,70% годишна каматна стапка, а пак доколку е во евра, добивате поволна каматна стапка од 0,90%. Доколку пак се одлучите вашата заштеда да ја орочите на 25 месеци, во денари каматната стапка изнесува 2,50%, а пак во евра 1,50%.

Всушност, за кој временски период и да се одлучите, исплатата на каматата би била на крајот на периодот на орочување или на месечно ниво, а дополнителна предност е тоа што влогот автоматски се реорочува по истекот на период на орочување.

Штедењето е вредна навика – секој ден. Меѓутоа, доколку се одлучите да ги вложите вашите средства, можеби денот среда ќе ви донесе посебна среќа, а неминовно е и дека ќе имате можност да ги искористите големиот број поволности. Затоа почнете да штедите среќно!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.