Почетна » Новости » Занимливости » Неодоливи фотографии од предвреме родени бебенца за Св. Валентин

Неодоливи фотографии од предвреме родени бебенца за Св. Валентин

Св. Валентин не помина неодбележан во болницата „Saint Luke“ во Канзас. Медицинскиот персонал и волонтери од организацијата „March of Dimes“ им приредија слатко изненадување на родителите на предвреме родените и болните бебенца во Одделот за интензивна нега.

Секое бебе доби капче во розова или црвена боја по повод Денот на вљубените и беше фотографирано од професионален фотограф. Родителите пак добија „љубовни“ картички со отпечатоци од стапалата на своите малечки, во кои можеа да напишат љубовни пораки за своите бебиња.

„Секој ден кој децата го минуваат во Одделот за интензивна нега е страшен и неизвесен, но празниците се особено тешки, бидејќи родителите ја пропуштаат вообичаената радост на прославувањето дома“ – велат од болницата.

Програмата е прекрасен начин да им се донесе на родителите доза радост во хаотичните денови поминати на болница.

Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.