Почетна » Новости » Занимливости » Неодоливо: Предвреме родени бебенца облечени како празнични подароци

Неодоливо: Предвреме родени бебенца облечени како празнични подароци

Некои луѓе се навистина прекрасни. Вработени во болница во Канзас и волонтери од организацијата „March of Dimes“ претпразнично усреќија многу родители на предвреме родени или болни бебенца.

Тие ги облекоа најмалите пациенти како новогодишни подароци и им направија слатка фотосесија со Дедо Мраз за да го прослават нивниот прв Божиќ. Повеќе од 30 бебенца беа „завиткани“ и украсени за да им измамат насмевки на своите родители, кои се подготвуваат да ги поминат новогодишните и божиќните празници во болница.

Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе

„Празниците можат да бидат особено емотивни за семејствата во Одделот за интензивна нега. Бебињата тука најчесто се родени предвреме или се болни и потребно е да поминат недели, па и месеци тука додека да бидат доволно здрави за да си одат дома. Давајќи им можност на овие специјални семејства да ги прослават празниците на незаборавен начин, ние им овозможуваме чувство на нормалност и можност да го прослават овој важен момент за нивните бебиња, иако се во болница, а тоа е нешто што секое семејство посакува да го направи“ – велат од болницата.

Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе Бебе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11270 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.