Почетна » Новости » Занимливости » Неверојатна фотографија: Мајка се породи сама во автомобил, го роди бебето во цел водењак

Неверојатна фотографија: Мајка се породи сама во автомобил, го роди бебето во цел водењак

Неверојатна фотографија од бебенце родено во цел водењак го обиколува светот. Оваа фотографија стана хит, не само поради тоа е родено во непробиена амнионска обвивка, туку и зашто тоа се случи со природно пораѓање.

Најчесто се случува бебе да се роди во цел водењак при породување со царски рез.

Мајката Рајлин Скури ја сподели фотографијата на Instagram и ја раскажа приказната за раѓањето на нејзиното второ дете.

Нашата приказна за породувањето! Човечкото тело е навистина неверојатно. 08.05.2017 во околу 10 часот започнав да чувствувам контракции. Бев во 29. недела од бременоста, па си помислив дека се Брекстон Хиксови контракции и одлучив да почекам. По околу 45 минути конзистентни контракции, чиј интензитет се зголемуваше, одлучив дека најверојатно треба да одам во болница. Зедов малку облека. Чапнав облека за мојата ќеркичка. Таа, мојот вереник и јас тргнавме за во болница. Контракциите продолжија и беа почести и поинтензивни и знаев дека е време за да туркам. Се јавив во брза помош, бидејќи бев многу уплашена.

Тие не можеа да разберат што им зборувам поради врисоците од контракциите. Па му до подадов телефонот на вереникот. Ги турнав пантолоните и посегнав долу, секако неговата глава беше таму. Турнав уште еднаш и моето чудо бебе се роди. Кога погледнав долу, сфатив дека тој сè уште е комплетно завиткан со амнионската обвивка.

Диспечерот ни рече да застанеме на патот. Но јас знаев дека ќе стигнеме до болницата побрзо, отколку што тие ќе стигнат кај нас.

Па му кажав на Иан да продолжи да вози. Бев многу уплашена. Мојот свршеник беше толку смирен, возеше и зборуваше со брзата помош на телефон.

Отпрвин, бебето не мрдаше и сè што можев да направам беше да се молам да биде добро. Го истрив неговото лице со мојот палец и тој ги повлече своите раце и нозе кон неговото лице, како да ги разбираше моите молитви, и сакаше да се осигурам дека е добар. Поминаа седум минути дури го држев бебето чудо в раце, пред да пристигнеме во болницата. Познато лице дојде трчајќи и ми го грабна бебето. Тој се роди во цел водењак. Ова се случува еднаш на секои 80.000 породувања. Обично за време на царски рез. Тој беше тежок само 1 килограм и 400 грама. По сè низ што помина, знам дека ќе биде прекрасно мало момче. Тој навистина е чудо бебе. Ние сме благословени што му сме родители.

Мајката постојано споделува фотографии од напредокот на бебенцето.

A post shared by Raelin Scurry (@raeee_nacoal23) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11188 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.