Почетна » Новости » Занимливости » „Не сум лошо, само сум фрустрирано“: Текст од гледна точка на мало дете кој ќе ви помогне да го разберете однесувањето на двегодишниците

„Не сум лошо, само сум фрустрирано“: Текст од гледна точка на мало дете кој ќе ви помогне да го разберете однесувањето на двегодишниците

Мајка со текст напишан од гледна точка на 2-годишно дете им помага на родителите да разберат зошто малите деца честопати се фрустрирани, плачат, фрлаат, викаат и лежат на подот.

Целта на Дежа Роман е да ги поттикне родителите да им дадат поголема слобода на нивните деца, бидејќи малечките се многу поспособни отколку што родителите си мислат.

Дете

„Јас имам 2 години. Не сум лошо... Само сум фрустрирано. Нервозно сум, под стрес, надвладеано од чувствата, збунето. Ми треба прегратка.“

Од дневникот на 2-годишник:

Денес, се разбудив и сакав да се облечам самото, но ми рекоа: „Не, немаме време за тоа, јас ќе те облечам“.

Тоа ме растажи.

Сакав да се нахранам самото за време на појадокот, но ми рекоа: „Не, премногу се валкаш, дај јас ќе те наранам“.

Тоа направи да се чувствувам фрустрирано.

Сакав да одам до автомобилот и да влезам во него само, но ми рекоа: „Не, мораме да побрзаме, немаме време. Јас ќе ти помогнам“.

Тоа ме расплака.

Сакав самото да излезам од автомобилот, но ми рекоа: „Не, немаме време, јас ќе те земам.“

Тоа направи да сакам да избегам.

Подоцна, сакав да си играм со коцките, но ми рекоа: „Не, не така, вака...“

Одлучив дека повеќе не сакам да си играм со коцки. Сакав да си играм со куклата која ја држеше некој друг, па му ја зедов. Ми рекоа: „Не, не прави така! Мораш да споделуваш“. Не ми е јасно што направив, но тоа ме растажи. Па, заплакав! Сакав прегратка, но ми рекоа: „Не, ништо не ти е, оди да си играш“.

Ми рекоа дека е време да ги соберам играчките. Го знам ова, бидејќи некој постојано ми повторува: „Оди да ги собереш играчките“. Не ми е јасно што треба да правам, па чекам некој да ми покаже. „Што правиш? Зошто стоиш така? Собери ги играчките, веднаш!“.

Не ми дозволија само да се облечам, ниту само да го движам моето тело за да стигнам каде што сакав да одам, но сега ме тераат само да ги соберам работите. Не ми е јасно што треба да правам. Не треба некој да ми покаже? Од каде да започнам? Каде треба да одат овие работи? Слушам многу зборови, но не разбирам што бараат од мене. Се плашам и не мрдам.

Само лежам на подот и плачам.

Кога дојде време за јадење, сакав само да си земам храна, но ми рекоа: „Не, премногу си мало. Јас ќе ти дадам“. Тоа направи да се чувствувам мало. Се обидов да ја јадам храната пред мене, но јас не ја ставив таму и некој постојано ми повторуваше: „Еве, пробај го ова, изеди го ова...“ и ми ставаше нешта во лицето. Повеќе не ми се јадеше. Тоа направи да сакам да ги исфрлам работите и да плачам.

Не можам да слезам од масата, бидејќи никој не ми дозволува... оти сум многу мало и не можам. Продолжуваат да повторуваат дека морам да јадам нешто. Тоа прави да плачам уште повеќе. Гладно сум и фрустрирано и тажно. Уморно сум и имам потреба некој да ме земе во раце. Не се чувствувам сигурно и немам контрола. Тоа ме плаши. Уште повеќе плачам.

Имам 2 години. Никој не ми дозволува само да се облечам, не ми дозволуваат да го движам моето тело за да одам каде што сакам, не ми дозволуваат да ги задоволам моите потреби.

И покрај тоа, очекуваат да знам како да споделувам, да слушам или да почекам една минута. Очекуваат да знам што да кажам и како да се однесувам и како да се справувам со моите емоции. Очекуваат да седам мирно и да знам дека ако фрлам нешто, тоа ќе се скрши... Но, јас НЕ ги знам тие работи.

Не ми е дозволено да ги практикувам моите вештини на одење, туркање, тргање, закопчување, запетлување, полевање, послужување, качување, трчање, фрлање или да правам нешта кои знам дека можам да ги направам. Нештата кои ме интересираат и кои ме прават љубопитно се нешта кои НЕ ми е дозволено да ги правам.

Имам 2 години. Не сум лошо... Само сум фрустрирано. Нервозно сум, под стрес, надвладеано од чувствата, збунето. Ми треба прегратка.

„Сакав да биде во стилот кога би можело 2-годишно дете да зборува, еве што би кажало. Малите деца немаат избор и немаат глас. Само ги вртиме наоколу. Кога некој возрасен би ме допирал без да ме праша или би ми зборувал додека плачам... и јас би се вознемирила. Тие се многу поспособни отколку што си мислиме и ние всушност не знаеме да ги почитуваме. Правиме нешта за да ги заштитиме, но вистината е дека многу од она што го правиме не е потребно“ – вели авторката Роман.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.