Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „А да си ги сменеа местата овие две бројки? 16 наместо 61“: Сузана Спасовска со мала шега на својот роденден

„А да си ги сменеа местата овие две бројки? 16 наместо 61“: Сузана Спасовска со мала шега на својот роденден

Сузана Спасовска и во седмата деценија од животот зрачи со харизма, енергија и позитивност како од почетоците на нејзината кариера.

Познатата македонска пејачка наполни 61 година, а на својот Facebook профил се пошегува со годините на забавен начин, но не пропушти и да сподели дека се чувствува благословено.

Сузана Спасовска

Сузана објави неколку фотографии со роденденската торта и напиша:

Си велам, а да си ги сменеа местата овие две бројки?

16 наместо 61, хахахаааа... Ама, не, сепак вака си е најдобро. (единицата малку изгоре па заличи и на седмица, но има време до 7), а тортата ќе ја пробам на 28.08., ммммм...

Драги пријатели, секоја роденденска и именденска честитка, ми беше како светлина, што го разубави мојот ден. Се чувствувам благословена што толку многу луѓе со топли зборови, ми го израдуваа срцето и ми ја покажаа љубовта околу мене. Ви благодарам!

Слава ти Боже!

Сузана Спасовска Сузана Спасовска

Сузана е една од нашите најпознати пејачки и од 80-тите години на XX век ја негува македонската песна. Нарекувана е „Сузе Национале“, „златното грло“, „славејот македонски“ и „наследничка на Васка Илиева“.

Сузана Спасовска Сузана Спасовска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28591 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.