Почетна » Новости » Занимливости » „Не сте сами“: Денес е Меѓународниот ден против насилството врз жените

„Не сте сами“: Денес е Меѓународниот ден против насилството врз жените

!

Насилството врз жените е глобална пандемија. За разлика од болестите, за неа нема лек, но има начини да се спречи пред да се случи.

Пандемијата со коронавирусот резултираше со алармантно зголемување на веќе постоечката пандемија на насилство врз жените. Периодот на домашна изолација нè потсети дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца.

Во некои земји, пријавувањето на семејно насилство од партнерот се зголемило за 5 пати оваа година. „Една од три жени има искусено насилство во својот живот, а со КОВИД-19, семејното насилство се зголеми во целиот свет“ – пренесуваат од UN Women.

Стоп за насилството врз жените

На глобално ниво, во изминатата година 243 милиони жени и девојки беа малтретирани од интимните партнери, а само помалку од 40% од нив пријавиле и побарале помош.

Кампањата „16 дена активизам против родово базираното насилство“, оваа година ќе се одржи под темата „Orange the World: Fund, Respond, Prevent, Collect!“, а ќе трае до 10 декември - Денот на човековите права.

Стоп за насилството врз жените

Во рамките на кампањата, се повикуваат луѓето да го обојат светот во портокалова боја, како симбол за светла иднина за жените и девојчињата.

Обединетите Нации го прогласија 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, инспирирани од бруталното убиство на сестрите Мирабал, политички активистки во Доминиканската Република во 1960 година.

Стоп за насилството врз жените Стоп за насилството врз жените

Не постои земја во светот која не е засегната од овој глобален проблем. СЗО истакнува дека насилството има долгорочни последици врз психичкото и физичкото здравје на жените. Жените со насилен партнер почесто страдаат од депресија и проблеми со прекумерно консумирање алкохол и почесто се соочуваат со несакана бременост и абортус, како и сексуално преносливи инфекции меѓу кои и ХИВ.

Стоп за насилството врз жените

Со портокаловото осветлување на скопската тврдина Кале, Владата и Делегацијата на Европската Унија, официјално ја започнуваат годинешната кампања со слоган „#КажиНе на насилството врз жени и девојчиња“. Овој симболичен чин го означува почетокот на серија настани и активности, како дел од кампањата што ќе трае до 10 декември.

Со цел поттикнување дискусија на поширока општествена основа, кампањата ќе вклучува инсталација „Скршени предмети“ што ќе биде поставена пред Музејот на Мајка Тереза, како и неколку тематски онлајн конференции, дискусии, работилници и студентски натпревар за најдобар тематски графички дизајн. На 30 ноември, инсталацијата „Скршени предмети“ ќе биде поставена на плоштадот во Гостивар, а како дел од активностите на кампањата, на 1 декември е предвидено и осветлување во портокалова боја на Занаетчискиот дом во Куманово. Следниот ден, на 2 декември, во портокалова боја ќе биде осветлен театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес, институција што широкоградо прифати да биде дел од кампањата со сопствени можности и техника.

Поради специфичната ситуација со пандемијата на КОВИД-19, кампањата ќе биде спроведена во согласност со сите заштитни мерки и протоколи, а во рамките на активностите ќе се користат можности и за онлајн комуникација, со учество на високи владини претставници, како и претставници на на ОН и на Европската Унија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и граѓанските организации.

Во рамките на кампањата е предвидено објавување интерактивни содржини и едукативни пораки на социјалните медиуми од повеќе поединци од различни сфери на општеството, како нивен заеднички придонес во борбата против насилството врз жените и девојчињата.

Крајниот резултат на оваа борба зависи од сите нас. Затоа, да реагираме! Да пријавиме! Да менуваме!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.