Почетна » Новости » Занимливости » Најстара родилка на светот? 74-годишна жена родила близначиња со помош на ин витро

Најстара родилка на светот? 74-годишна жена родила близначиња со помош на ин витро

Индијка веројатно стана најстарата родилка на светот откако роди близначиња на 74-годишна возраст.

Ерамати Мангајама и нејзиниот 78-годишен сопруг Раџа Рао со децении се обидувале да имаат дете, но не успеале да станат родители. Нивните соништа за бебе се обновиле минатата година, кога нивна сосетка останала бремена на 55-годишна возраст.

Парот, кој е во брак од 1962 година, стапил во контакт со приватна болница и докторите се согласиле да се обидат да им ја исполнат желбата со вештачко оплодување. Ерамати зачнала во јануари годинава.

Ерамати Мангајама Ерамати Мангајама Ерамати Мангајама

„Таа остана здрава, затоа што немаше дијабетес или висок крвен притисок. Бидејќи има 74 години, моравме да извршиме царски рез за да се родат бебињата“ – изјавил д-р Аруна.

Индиските медиумски агенции известуваат дека мајката веќе имала поминато низ менопауза, па докторите искористиле јајце-клетки од донор и ги оплодиле со сперма од нејзиниот сопруг.

„Ние сме најсреќниот пар на светот денес. Имаме наши деца“ – изјавил таткото.

Ерамати Мангајама Ерамати Мангајама Ерамати Мангајама

Докторите тврдат дека станува збор за светски рекорд. Ако возраста на мајката биде докажана, таа ќе биде впишана како најстара родилка на светот.

Ерамати Мангајама Ерамати Мангајама

Контроверзното оплодување на жени на поодмината возраст е честа практика во Индија. Пред три години, Далиндер Каур роди момче на 72 години.

Многумина гласно ги критикуваат индиските доктори што дозволуваат и потпомагаат оплодувања кои носат огромни ризици и за здравјето на жените и на самите бебиња.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11071 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.