Почетна » Новости » Занимливости » Му прогнозирале дека нема да живее подолго од година, сега маж со Даунов синдром со прекрасна фотосесија прослави 65-ти роденден

Му прогнозирале дека нема да живее подолго од година, сега маж со Даунов синдром со прекрасна фотосесија прослави 65-ти роденден

Маж со Даунов синдром ги надмина очекувањата на докторите и го прослави 65-тиот роденден.

Кога се родил Бади, на неговите родители им било кажано дека тој нема да го надживее првиот роденден. За среќа, докторите не биле во право и денес тој е средовечен маж кој продолжува да му се радува на животот.

По повод 65-тиот роденден, Бади сними фотосесија заедно со момченце со истото нарушување како него, кое му даде подароци и позираше со табла со натпис „Малкуте среќници“.

Фотографиите ги објави фотографката Британи Кук, која застана зад објективот. Накратко, таа ја раскажа животната приказна на Бади:

Бади Бади

Запознајте го Бади.

Кога се родил, докторите му рекле на неговите родители дека тој нема да го надживее својот прв роденден. Вчера, Бади го прослави својот 65-ти роденден!!

Тој обожава поп, неговото радио и Џони Кеш.

Вчерашното попладне го поминав со Бади и неговото семејство, а тоа ми го наполни срцето со среќа.

Шлагот на тортата беше...

Едно од моите омилени момченца намина да се запознае со Бади и да му подари неколку подароци! Тие несомнено се „Малкуте среќници“!

Момченцето на фотографиите, Сјутон, е Instagram ѕвезда која ја подигнува свеста кај луѓето за лицата со Даунов синдром. Неговото мото е: „Во свет во кој можете да бидете сè што ќе посакате, бидете љубезни“.

Бади Бади Бади Бади Бади Бади Бади Бади

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9526 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.