Почетна » Новости » Занимливости » Моќта на шминката: Самоуверена YouTube ѕвезда која целосно го менува изгледот со шминка

Моќта на шминката: Самоуверена YouTube ѕвезда која целосно го менува изгледот со шминка

Стефани Ленџ е YouTube ѕвезда која умее вешто да ја користи шминката за да го промени својот изглед.

Талентираната Австралијка самоуверено го покажува своето лице без шминка и редовно се обидува да им ја подигне самодовербата на своите половина милион следбеници.

Стефани Стефани Стефани Стефани Стефани Стефани

Во тинејџерските години, Стефани имала проблематична кожа, за што била исмејувана на училиште. „Кога бев тинејџерка, кога имав 12, 13, 14 години, имав многу лоши акни на кожата. Немав големи цистични акни, но имав многу ситни мозолчиња на целото лице. Бидејќи бев многу млада, мајка ми не сакаше да користам шминка. Заради тоа што се чувствував многу грда, земав шминка во чантата и тајно се шминкав на патот до училиште. Не сакав никој да го види моето лице без шминка. Но, дури и нашминкана, добивав многу гадни коментари на училиште. Луѓето ме прашуваа зошто сум излегла од дома со толку лоша кожа, ми кажуваа дека сум грда, дека имам голем нос, дека очите ми се мали... глупави, глупави коментари што тинејџерите и децата ги кажуваат. И кога и да се погледнев во огледалото, ги гледав само нивните забелешки. Кога се гледав во огледалото, си велев: Да имаш голем нос, кожата ти е ужасна, имаш мали, подзамижани очи кои не се ни сини, туку се сиви“ – раскажува таа.

Но, набрзо таа започнала да ја гради својата самодоверба и да работи на својот карактер. Сега, таа смело го покажува своето лице без грам шминка и покрај тоа што нејзините фотографии „пред и потоа“ се мета на многу злобни онлајн коментари.

Трансформација за 50 секунди

Стефани не пропушта можност да потенцира дека секоја девојка треба да се чувствува убаво и со и без шминка, а не да се срами од своето лице.

Како да контурирате голем нос?

Стефани Стефани Стефани Стефани

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11192 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.