Почетна » Новости » Занимливости » Моќна фотографија од бебе чија папочна врвца сè уште е прикачена за плацентата

Моќна фотографија од бебе чија папочна врвца сè уште е прикачена за плацентата

Фотографија од бебе, чија папочна врвца го испишува зборот ЉУБОВ и која сè уште е прикачена за плацентата, привлекува огромно внимание на интернет. Бебето е фотографирано 90 минути по раѓањето заедно со органот кој му ги давал потребните хранливи состојки цели 9 месеци.

Харпер

Целта на објавата на акушерката и фотографка Ема Џин Нолан е да се подигне свеста за културата на Маорите, во која плацентата има духовно значење и се закопува по раѓањето на бебето. Според Ема, во Западната култура плацентата се смета за нешто грозно, што е сосем погрешно зашто без неа ниту еден од нас не би постоел.

„Сакав да покажам како физиолошки изгледа раѓањето, бидејќи повеќето луѓе никогаш не виделе бебе кое е сè уште поврзано за плацентата. Плацентата не е ценета или почитувана во Западната култура. Таа генерално е фрлана, игнорирана или сметана за грозна. Но, без неа ниту еден од нас не би бил тука“ – вели Нолан.

Традицијата на Маорите да се закопуваат плацентата и папочната врвца го претставува вечното сродство меѓу новороденчето и земјата. Најчесто на местото каде што е закопана плацентата се засадува растение.

Харпер се роди во својот дом, а неговата плацента ќе биде закопана под дрво на фармата на дедо му во Нов Зеланд.

Добредојде на Земјата сладок мал Харпер,

Како Маори бебе неговата плацента сега ќе биде вратена во земјата.

Зборот „whenua“ се поврзува со плацентата и со земјата. Whenua (плацентата) се враќа во whenua (земјата) заедно со pito (папочната врвца), врската помеѓу новороденчето и papatuanuku (Мајката Земја).

Со тоа, секоја индивидуа ја исполнува својата улога на куратор за papatuanuku (Мајката Земја), што останува за цел живот.

– Ема Џин Нолан
Харпер со своите родителиХарпер со своите родители Ема Џин НоланЕма Џин Нолан

Фотографијата отвори тема за разговор на која малку се зборува и поттикна многу мајки да ги споделат своите искуства со оваа традиција.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27140 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.