Почетна » Новости » Занимливости » Момче со церебрална парализа побара од Nike да создадат патики за лица со попреченост, желбата му беше остварена

Момче со церебрална парализа побара од Nike да создадат патики за лица со попреченост, желбата му беше остварена

Nike создаде патики кои се обуваат и собуваат без помош на рацете. Овој проект бил инспириран од момче со церебрална парализа, кое пред 8 години испратило писмо до брендот со барање да направат патики за лица со попреченост.

Новиот модел „Nike Go FlyEase“ значително ќе им го олесни животот на лицата со попреченост, на кои обувањето на патиките им е вистински предизвик.

Имено, Метју Валцер бил роден два месеци предвремено со недоволно развиени бели дробови, што довело до појава на церебрална парализа.

Неговата иницијатива допре до одговорните лица во Nike и беа создадени соодветни патики кои лесно се обуваат.

Метју Валцер Nike патики

Прочитајте го писмото на Метју:

Здраво,

Јас сум Метју Валцер.

Роден сум два месеца предвреме. Тежев само два килограми и белите дробови не ми беа доволно развиени, па мозокот не ми примаше доволно кислород. Како резултат на тоа, имам оштетување на мозокот кое предизвика церебрална парализа. За среќа, јас сум засегнат само физички, многу други се погодени ментално или истовремено и физички и ментално.

Надминав многу предизвици во мојот живот. Иако лекарите им рекоа на моите родители дека никогаш нема да можам да одам, а доколку воопшто прозборам, дека ќе имам дислалија (пореметување во говорот). Овие дијагнози се покажаа погрешни, јас одам речиси самостојно низ дома и користам патерици за надвор или за во школо. Исто така, никогаш не сум имал проблеми со говорот. Всушност, планирам да одам на факултет.

Од сите предизвици кои сум ги надминал во животот, постои еден кој сè уште се обидувам да го совладам – врзувањето на патиките. Церебралната парализа ги вкочанува мускулите во телото. Како резултат на тоа, имам флексибилност само во едната рака, што ми оневозможува да ги врзувам обувките. Мојот сон е да одам на колеџ по мој избор, без да се грижам дали некој ќе доаѓа да ми ги врзува обувките секој ден.

Цел живот носам кошаркарски Nike патики, бидејќи потребна ми е потпора на глуждот кога чекорам. На 16-годишна возраст, способен сум да се облекувам самиот, но родителите сè уште ми ги врзуваат обувките. Како тинејџер кој се труди потполно да стане независен, ова е крајно фрустрирачко, а на моменти и засрамувачко.

Nike е една од најиновативните и најнапредните компании во Америка. Секогаш ги надминува границите, правејќи ги обувките полесни, побрзи и посилни со употреба на нови материјали, нови дизајни и технологии.

Се надевам дека Nike ќе може да создаде линија обувки за луѓе со физички предизвици и ќе помогне во подобрувањето на квалитетот на многу животи.

Ова писмо не е со бизнис цел. Едноставно, ви посочувам дека има потреба од овој тип на атлетски обувки.

Ви благодарам за издвоеното време да го прочитате ова писмо. Без оглед на тоа со колку предизвици сум се соочил во животот, секогаш целам да бидам независен, независноста е за секого.

Со почит,
Метју Валцер

Nike патики Метју Валцер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11171 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.