Почетна » Новости » Занимливости » Млада мајка смело го покажува збрчканиот стомак откако научи да си го сака телото по раѓањето на две деца

Млада мајка смело го покажува збрчканиот стомак откако научи да си го сака телото по раѓањето на две деца

Кејтлин Фладагер е млада мајка која по долги години несигурност и криење на стомакот, научи да си го сака телото и да не се срами да го покажува пред светот.

Своето прво дете Кејтлин го родила на само 18 години, па ѝ било многу тешко да ги прифати промените кои настанале на нејзиното тело како резултат на бременоста.

Мајката од Ванкувер сега гордо го покажува збрчканиот стомак и стриите и цели да инспирира илјадници жени да се сакаат себеси.

Кејтлин Фладагер Кејтлин Фладагер

Се сеќавам кога објавив дека сум бремена на 18-годишна возраст. Се разбира, ме дочекуваа зборови како ‘Многу си млада’ и сето тоа. Но, еден коментар кој ми остана во главата беше: ‘Млада си, барем брзо ќе си го вратиш телото во форма’, или ‘Подобро е да родиш додека си млада, се прават помалку стрии’. Тие зборови останаа да одѕвонуваат во мојата глава на млада возраст.

Стрии и овисната кожа = лошо.

Откако ја добив мојата ќерка, се борев долго време. Не си го сакав папокот и го криев. Дури и кога се обидов да си ставам пирс, човекот ми рече дека никогаш не видел папок како мојот. Тогаш, имав мини хернија.

Си заминав од кај него плачејќи. Се заколнав дека од тој ден нема никогаш да го покажувам папокот, дури ни долниот дел од стомакот.

Кога забременив со син ми, ги испробав сите креми против стрии, сите тие нешта кои треба да ти помогнат за овиснатата кожа по раѓањето на бебе.

Откако го родив син ми, го мразев тоа што го гледав во огледалото.

Никогаш не го покажував стомакот.

Се вртев од пријателките кога се облекувавме.

Носев само хеланки или фармерки со висок струк.

Поцрвенував секојпат кога случајно ќе ми подизлезеше стомакот.

Еден ден, скролав на Instagram, што правеше да се чувствувам лошо, и тогаш се запрашав: Кога природните тела станаа толку непосакувани?

Кој одлучи овиснатата кожа и стриите да не се секси?

Не се доволно добри?

Не се доволно убави?

Од кога стана шема да ги ставаш сите тие производи на себе, надевајќи се дека ќе ги снема сите нешта кои ти ги дале твоите деца и животот.

Гледав во мојот стомак лежејќи на страна и ги видов длабнатините.

Ги видов стриите.

Го видов истегнатиот папок.

И се насмевнав.

Ова тело е мојот дом.

Беше дом на моите деца.

Сè уште, до денес, си се извинувам себеси што зборував на таков начин.

Што дозволив да заборавам колку се убави природните тела.

Следниот пат кога ќе се погледнете во огледало, посакувајќи стомакот да ви се врати како пред да имате деца, сетете се на сè што направи и продолжува да прави вашето тело за вас.

Заблагодарете му се на вашето тело.

Извинете се за тоа.

Сакајте го.

Стриите, целулитот, салото и различните папоци се нормални.

Убави.

Восхитувачки.

Следниот пат погледнете го огледалото и размислете за сè што вашето тело има направено.

Навистина е извонредно и неверојатно.

Кејтлин Фладагер Кејтлин Фладагер Кејтлин Фладагер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11136 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.