Тејтум и Оукли Фишер имаат по само една година, а веќе го освојуваат модниот свет и социјалните мрежи.
Малите близначки секојдневно заробуваат сè повеќе срца со преслаткиот изглед и милионската мрежа од нивни следбеници на Instagram континуирано се проширува.
Нивниот профил „Taytum & Oakley Fisher“ изобилува со неодоливи фотографии, а е раководен од нивните родители Медисон и Кајлер.

Сестричките неретко се ангажирани од модни брендови за промовирање на детските колекции.
































