Почетна » Новости » Занимливости » Меган Маркл за првпат фотографирана во Канада откако ја напушти Британија, посети засолниште за жени

Меган Маркл за првпат фотографирана во Канада откако ја напушти Британија, посети засолниште за жени

Меган Маркл беше насмеана и расположена додека пристигнуваше во засолниште за жени кое се наоѓа во една од најсиромашните области на Канада.

Ова е првпат 38-годишната Војвотка да биде фотографирана по веста дека со принцот Хари се откажаа од кралските должности и по нејзиното заминување од Велика Британија. Таа со мал авион пристигна во центарот за жени „Downtown Eastside“ за да им понуди помош и да им го зголеми еланот на вработените.

Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл

„Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, нè посети денес за да дискутираме за проблемите кои ги засегаат жените во заедницата“ – изјавија од центарот.

Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл

Центарот за жени „Downtown Eastside“ им овозможува безбедно место на жени и деца кои имаат потреба од помош. „Ги поддржуваме жените да направат позитивни промени во нивниот живот, нудејќи им различни услуги“ – велат од центарот.

Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл

Пред два дена, Кралицата Елизабета со соопштение ѝ се обрати на јавноста во врска со случувањата со Хари и Меган. Во него стои:

„Денес, моето семејство имаше многу конструктивна дискусија за иднината на мојот внук и неговото семејство. Јас и моето семејство целосно ја поддржуваме желбата на Хари и Меган да создадат нов живот како младо семејство. Иако преферираме тие да останат и да работат со полно работно време како членови на кралското семејство, ја почитуваме и разбираме нивната желба да живеат понезависен живот како семејство, додека истовремено ќе бидат ценет дел од моето семејство. Хари и Меган јасно изјавија дека не сакаат да зависат од јавни фондови во нивниот нов живот. Беше договорено да има период на транзиција во кој тие ќе поминуваат време и во Канада и во Британија. Ова се комплексни прашања кои моето семејство треба да ги реши и има уште работа на нив, но јас побарав крајната одлука да биде донесена во претстојните денови“.

Меган Маркл

Парот беше фотографиран еден ден пред да ја соопшти својата одлука.

Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.