Почетна » Новости » Занимливости » Меган Маркл држеше чадор над Хари откако заврна во регион погоден од суша, парот беше освоен од момче со Даунов синдром

Меган Маркл држеше чадор над Хари откако заврна во регион погоден од суша, парот беше освоен од момче со Даунов синдром

Меган Маркл и принцот Хари однесоа посакуван дожд во градот Дабо, Австралија, кој веќе извесно време е погоден од суша.

Поројниот дожд ги израдува локалните фармери и кралската двојка.

Пред да го започне својот говор во кој им се заблагодари на сите за топлиот пречек, 34-годишниот принц одби понуда да му го држат чадорот со зборовите: „Во ред е, ја имам мојата жена“. 37-годишната поранешна актерка со насмевка на лицето го засолни својот сакан од дождот под нејзиниот чадор.

Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари

Градоначалникот Бен Шилдс се пошегува со Хари, велејќи му: „Нашиот регион е погоден од ужасна суша, па сме многу задоволни што можете да го носите со себе тоа лошо англиско време.“

Еден од најслатките моменти за време на посетата на Дабо се случи додека парот се поздравуваше со дечиња од локално училиште. Малиот Лук Винсент ги разнежни Хари и Меган подарувајќи им топли прегратки. 5-годишното момче, кое има Даунов синдром, ги погали и брадата и косата на Хари.

Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари

„Често тој е ѕвезда на училиште, а сега стана ѕвезда низ целиот свет“ - изјави директорката на училиштето која го придружуваше Лук и појасни дека момчето обожава бради затоа што Дедо Мраз му е омилена личност.

Меган беше облечена во црни фармерки од брендот Outland, бела кошула и сако од колекцијата на нејзината добра пријателка Серена Вилијамс.

Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.