Шестнаесетдневната турнеја на принцот Хари и Меган Маркл продолжи на Фиџи.
37-годишната војвотка и 34-годишниот британски принц присуствуваа на државен банкет на првиот ден од нивниот престој во оваа островска држава.
На свеченоста, шармантната поранешна актерка го истакна трудничкото стомаче во сина креација со наметка од модниот бренд Safiyaa.
За пристигнувањето на Фиџи, Меган изгледаше софистицирано во бел стајлинг со црни детали.
Елегантниот фустан е дело на австралискиот бренд Zimmermann. Во својот стајлинг, Меган додаде црни обувки од Tabitha Simmons, црна чантичка од Anna Straw и впечатлива бела шапка од Stephen Jones.
Меган носеше и обетки, кои ѝ се подарок од кралицата Елизабета, и дијамантска белегзија која ѝ е подарена од таткото на Хари, принцот Чарлс.
Парот беше пречекан од локални жители облечени во традиционална облека.