Почетна » Новости » Занимливости » Меган Маркл во лежерно издание го поддржа принцот Хари додека држеше инспиративен говор

Меган Маркл во лежерно издание го поддржа принцот Хари додека држеше инспиративен говор

Принцот Хари беше специјален говорник на настанот WE Day UK, кој се одржува во рамките на глобалната иницијатива за поттикнување на младите луѓе да учествуваат во активности за позитивни социјални промени.

На сцената ненајавено се појави и неговата сопруга. Меган Маркл, која следниот месец ќе го роди нивното прво дете, нежно го галеше стомачето и го прегрнуваше Хари додека тој го завршуваше обраќањето кон публиката.

Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл

Во својот говор, тој им порача на присутните: „Бидете похрабри, бидете посилни, бидете добри еден кон друг, бидете добри кон себе. Помалку седете пред екрани и повеќе време издвојувајте за разговори лице в лице. Надминувајте ги очекувањата. Елиминирајте ја пластиката. Штедете вода. Заштитувајте го дивиот свет и неговиот уникатен хабитат. Одржувајте ја во живот емпатијата. Прашувајте ги пријателите како се и слушајте го нивниот одговор. Бидете искрени. Ризикувајте. Променете ги мислите и променете го светот. Осмелете се да бидете најдобрата генерација на сите времиња. Јас сум со вас, ние сме со вас!“

Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл Принцот Хари и Меган Маркл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11555 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.