Почетна » Новости » Занимливости » Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица

Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица

Мајка Тереза, која несебично го посвети својот живот за да им помага на болните и сиромашните лица, ќе биде прогласена за светица. Папата Францис го призна второто чудо поврзано со инспиративната калуѓерка. Чудото било лекување на маж од Бразил од неколку мозочни тумори во 2008 година.

Се очекува Мајка Тереза да биде канонизирана во септември.

За една личност да биде прогласена за света, потребно е да ѝ бидат признаени две чуда.

Мајка Тереза

Мајка Тереза беше беатифицирана од Ватикан во 2003 година, кога беше одобрена одлуката за признавање на нејзиното прво чудо – излекување на Индијка со абдоминален тумор.

Инспиративната Мајка Тереза е родена во 1910 година во Скопје, но најголемиот дел од својот живот го минала во Индија, живеејќи во најсиромашните предградија на Калкута за да им помага на оние на кои најмногу им била потребна помош. Таа е основач на редот Мисионери на милосрдието. Поради нејзината хуманост и пожртвуваност, во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир.

Мајка Тереза е симбол на самопожртвуваност, скромност и мир во целиот свет.

Мајка Тереза

Цитати на Мајка Тереза

„Мирот започнува со насмевка.“

„Многу потешко е да се отстрани гладот за љубов одошто гладот за леб.“

„Ако не можеш да нахраниш сто луѓе, тогаш нахрани само еден човек.“

„Љубезните зборови можеби се кратки и лесни за изговарање, но нивното ехо е навистина бескрајно.“

„Ако ги судите луѓето, немате време за да ги сакате.“

„Што можеш да направиш за да промовираш мир во светот? Оди дома и сакај го своето семејство.“

„Ајде секогаш да се пречекуваме еден со друг со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубов.“

„Најлошата сиромаштија е осаменоста и чувството дека не си сакан.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11525 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.