Почетна » Новости » Занимливости » Мајка на две деца се преполови, ослабе 50 килограми со наизменично постење

Мајка на две деца се преполови, ослабе 50 килограми со наизменично постење

Ниса Гроун цел живот се обидувала да се ослободи од вишокот килограми, но сите диети кои ги практикувала имале јо-јо ефект. За среќа, 38-годишната мајка на две деца пронашла успешна формула за слабеење која ѝ помогнала да стопи 50 килограми и да се одржува во добра форма.

Ниса Гроун

Во првата бременост во 2014 година, Ниса се здебелила речиси 30 килограми и нејзината тежина достигнала до 111 килограми. Поради нездравата дебелина, нејзе ѝ бил дијагностициран гестациски дијабетес.

„Ми беше кажано дека ако не успеам да ја контролирам мојата исхрана, тоа ќе се претвори во стандарден дијабетес. Во шесте месеци по бременоста, очајно се обидував да ослабам со сè што пробував и претходно (броење калории, претерано вежбање) и ништо не ми помогна“ - раскажа таа во интервју за People.

Во тој период, Ниса одлучила да прифати нов начин на исхрана – да го намали внесувањето на јаглехидрати и да внесува повеќе здрави масти. Исто така, таа слушнала за наизменичното постење (intermittent fasting) и иако била скептична, решила да му даде шанса.

Една од варијантите на наизменичното постење значи да не се консумира храна одреден број часови во текот на денот. Вообичаено, лицата кои го практикуваат овој метод, строго „постат“ 16 часа на ден, а јадат само во останатите 8.

Ниса на почетокот не јадела во период од 14 часа дневно. „Не јадев по вечерата, следниот ден ќе станев, ќе извежбав и немаше да појадувам до 8-9 часот... Тоа навистина ми помогна со регулирањето на шеќерот во крвта и веќе не бев во категоријата дијабетичар“ - појаснила таа.

Ниса Гроун Ниса Гроун Ниса Гроун

Благодарение на новите промени, Ниса ослабела 40 килограми пред да забремени со второто дете. За време на втората бременост, немала гестациски дијабетес.

Откако се породила, таа продолжила да внесува повеќе здрави масти како кокосово масло и путер, да го ограничува внесот на јаглехидрати и да не се храни во период од 16 часа дневно. Резултатот: Минус 50 килограми.

Ниса Гроун Ниса Гроун

Задоволна од постигнатото, Ниса сега споделува совети на своите профили на социјалните мрежи „Eating Fat is the New Skinny“ и инспирира многумина да тргнат по нејзините стапки.

Ниса Гроун

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10497 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.